Копа Америка 2019 — 46. издание на Копа Америка, главниот меѓународен фудбалски турнир за репрезентациите од Јужна Америка, организиран од страна на КОНМЕБОЛ.

Турнирот се одржал во Бразил од 14 јуни до 7 јули 2019. Вкупно 12 репрезентации учествувале на турнирот, 10 од Јужна Америка и две земји гостинки од Азија Јапонија и Катар. Чиле влегол во турнирот како бранител на титулата од претходните две изданија во 2015 и 2016 година.

Бразил ја освоил титулата на Копа Америка 2019, нивна деветта во историјата, победувајќи го Перу со 3-1 во финалето. Аргентина го освоила третото место на турнирот победувајќи го Чиле со 2-1 во натпреварот за третото место.

Изборот на домаќин Првично, домаќин на Копа Америка во 2019 година требало да биде Чиле, додека Бразил требало да биде домаќин на Копа Америка 2015, поради политиката на КОНМЕБОЛ турнирите да се одржуваат во секоја од земјите одејќи по азбучен ред. Сепак, поради организацијата на Купот на Конфедерации 2013, Светското првенство 2014 и Летните олимписки игри 2016 во таа земја, Бразил одлучил да не биде домаќин на Копа Америка 2015. Така фудбалските федерации на Бразил и Чиле се согласиле да го променат редот на домаќинство на првенствата во 2015 и 2019 година. Овој договор бил одобрен и од КОНМЕБОЛ во 2012 година.Oficial: la Copa América 2015 en Chile

Копа Америка 2019 година ќе биде последното издание кое се игра во непарни години и со 12 екипи. Почнувајќи од 2020 година, турнирот ќе се одржува во истата година како и УЕФА Европското првенството.

Стадиони На 14 јуни 2018 година, потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил Фернандо Сарнеј објавил дека пет градови ќе бидат домаќини на турнирот: Салвадор, Рио де Жанеиро, Бело Хоризонте и Порто Алегре. Списокот на стадионите бил решен на 17 септември 2018 година. Натпреварот со кој ќе се отвори пренството ќе се одигра на Морумби во Саун Пауло, полуфиналните натпревари ќе се одржат на Арена до Гремио во Порто Алегре и Минеирао во Бело Хоризонте, а финалето ќе се одржи на Маракана во Рио де Жанеиро. На 23 ноември 2018, КОНМЕБОЛ објавиле дека кај вториот стадион во Саун Пауло ќе има промена и наместо Алијанц Парки домаќин на турнирот ќе бида Арена Коринтијанс.

Рио де ЖанеироСаун Пауло Маракана Морумби Арена Коринтијанс Капацитет: 74,738 Капацитет: 67,428 Капацитет: 49,205 Бело Хоризонте Порто Алегре Салвадор Минеирао Арена до Гремио Арена Фонте Нова Капацитет: 58,170 Капацитет: 55,662 Капацитет: 51,900

Репрезентации Покрај сите десет репрезентации членки на КОНМЕБОЛ кои имаат право да влезат во натпреварувањето, КОНМЕБОЛ првично планирал да одржи турнир од 16 екипи со покана на шест екипи надвор од КОНМЕБОЛ. На 16 март 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил три екипи од КОНКАКАФ конфедерацијата и три екипи од Азиската фудбалска конфедерација (АФК) кој ќе бидат поканети да учествуваат на Копа Америка 2019. На 12 април 2018 година, било објавено дека Катар, земјата домаќин на Светското првенство 2022, ја прифатил поканата за учество на турнирот. На 4 мај 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил дека турнирот сепак ќе се одигра со 12 екипи, истиот број како и на претходните изданија почнувајќи од 1993 (освен на Копа Америка Сентенарио кој се одржал во 2016 година), и дека двете екипи гост ќе бидат Катар и Јапонија од АФК конфедерацијата. Овие две репрезентации успеале да стигнат до финалето на АФК Азискиот куп 2019 кој се одржал во ОАЕ, што го освоил Катар.

За Катар ова било нивното прво учество на Копа Америка и со тоа тие станале првата арапска нација која играла на турнирот, додека Јапонија го имала својот втор настап, откако претходно учествувале на изданието во 1999. Ова исто така ќе биде првата Копа Америка на која нема да има ниту еден тим од КОНКАКАФ конфедерацијата, откако на неа учествуваат и поканети екипи; особено ова се однесува на Мексико, кои се натпреварувал на сите десет изданија од 1993 година како поканета екипа, а нема да учествува на овој турнир. САД исто така се натпреварувале на четири турнири, вклучувајќи го и изданието во 2016 година како домаќин.

(домаќин) (бранител на титулата)

(поканети)

(поканети)

Ждрепка и групи

Распоред на репрезентациите по шешири пред извлекувањето на ждрепката: Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4 (3) (домаќин) (7) (11) (12) (13) (20) (31) (32) (50) (57) (59) (93)

Со ждрепката репрезентациите биле распоредени во следниве групи: Група АГрупа БГрупа Ц (домаќин)

Судии На 21 март 2019 година, бил објавен списокот на судии за Копа Америка кој го сочинувале 23 главни и 23 помошни судии.

Држава Судии Помошни судии АргентинаНестор ПитанаФернандо РапалјиниПатрисио ЛоустауЕрнан МајданаХуан Пабло БелатиЕсекиел Браиловски БоливијаГери ВаргасХосе АнтелоЕдвар Саведра БразилВилтон СампајоРафаел КлаусАндерсон ДаронсоРодриго КорејаМарсело ван ГасеКлебер Жил ВенецуелаАлексис ЕрераХесус ВаленсуелаКарлос ЛопесЛуис Муриљо ЕквадорРоди СамбраноКарлос ОрбеКристијан ЛесканоБајрон Ромеро КолумбијаВилмар РолданАндрес РохасНиколас ГалјоАлександер ГусманВилмар НавароЏон Александер Леон ПарагвајМарио Дијас де ВиварАрналдо СаманиегоЕдуардо КардосоДарио Гаона ПеруДиего АроВиктор КарилјоЏони БосиоВиктор Раес УругвајЕстебан ОстојичЛеодан ГонсалесНиколас ТаранРичард Тринидад ЧилеРоберто ТобарХулио БаскуњанПјеро МасаКристијан ШиманКлаудио Риос

Состави на репрезентациите

Секоја репрезентација мора на првенството да поведе 23 фудбалери, од кои три мора да бидат голмани.

Фаза по групи

Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин: Освоени бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз); Гол разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза; Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза; Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Гол разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Вкупен број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата; Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар): Извлекување на кугли.

Група A

Репрезентација1.7 3 2 1 0 8 0 +82.5 3 1 2 0 3 1 +23.4 3 1 1 1 3 6 -34.0 3 0 0 3 2 9 -7

Група Б

Репрезентација1.9 3 3 0 0 4 0 +42.4 3 1 1 1 3 3 03.2 3 0 2 1 3 4 -14.1 3 0 1 2 2 5 -3

Група Ц

Репрезентација1.7 3 2 1 0 7 2 +52.6 3 2 0 1 6 2 +43.2 3 0 2 1 3 7 -44.1 3 0 1 2 2 7 -5

Поредок на третопласираните репрезентации Репрезентација1. А 4 3 1 1 1 3 6 -32. Б 2 3 0 2 1 3 4 -13. Ц 2 3 0 2 1 3 7 -4

Нокаут фаза

Во нокаут фаза, ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути: Во четвртфиналето, продолженија нема да се играат, и ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути се оди директно кон изведување на пенали. Во полуфиналето, натпреварот за третото место и финалето, продолженија ќе се играат (две продолженија од по 15 минути), каде на секоја екипа ќе и биде дозволено право на четврта замена. Ако резултато остане нерешен и по продолженијата, тогаш натпреварот ќе биде решен по изведувањето на пенали.

Жреб и резултати

Четвртфинале

Полуфинале

Натпревар за 3. место

Финале

Статистика Список на стрелци 3 гола

Евертон Паоло Гереро

2 гола

Серхио Агуеро Лаутаро Мартинес Филипе Коутињо Габриел Жезус Роберто Фирмино

Алексис Санчес Едуардо Варгас Дуван Сапата Коџи Мијоши Едисон Флорес

Единсон Кавани Луис Суарес Дарвин Мачис

1 гол

Пауло Дибала Џовани Ло Селсо Лионел Меси Леонел Хустиниано Марсело Морено Дани Алвес Касемиро Ришарлисон Вилијан

Артуро Видал Ерик Пулгар Хосе Фуенсалида Густаво Куелјар Роџер Мартинес Анхел Мена Енер Валенсија Шоја Накаџима Оскар Кардосо

Дерлис Гонсалес Ричард Санчес Џеферсон Фарфан Едисон Флорес Паоло Гереро Алмоез Али Хосе Хименес Николас Лодеиро Хосеф Мартинес

Автоголови

Артуро Мина (против Уругвај) Хуан Родриго Рохас (против Катар)

Табела РепрезентацијаКраенрезултат 1. 6 4 2 0 13 1 +12 14 Шампион 2. 6 2 2 2 7 9 -2 8 Вицешампион 3. 6 3 1 2 7 6 +1 10 Трето место 4. 6 2 1 3 7 7 0 7 Четврто место 5. 4 3 1 0 4 0 +4 10 Елиминирани вочетвртфиналето 6. 4 2 2 0 7 2 +5 8 7. 4 1 2 1 3 3 0 5 8. 4 0 3 1 3 4 -1 3 9. 3 0 2 1 3 7 -4 2 Елиминирани вогрупната фаза 10. 3 0 1 2 2 5 -3 1 11. 3 0 1 2 2 7 -5 1 12. 3 0 0 3 2 9 -7 0

Награди thumb|right|450px|Од лево кон десно, Евертон, Алисон и Дани Алвес (сите од Бразил) со добиените награди. Следниве награди биле доделени по завршувањето на турнирот. Најкорисен играч: Дани Алвеш Најдобар стрелец: Евертон (3 гола и 1 асистенција) Најдобар голман: Алисон (само 1 примен гол) Фер плеј:

Тим на турнирот

ПозицијаИграчГолман АлисонОдбрана Дани Алвеш Тијаго Силва Хосе Хименес Мигел ТраукоСреден ред Артур Леандро Паредес Артуро ВидалНапад Евертон Паоло Гереро Хамес Родригес

Маркетинг Маскота

Маскота на првенството е Зизито, капибара на која и дадено името во чест на Зизињо, кој заедно со аргентинецот Норберто Доротео Мендес е рекордер по бројот на постигнати голови на Копа Америка, со 17 гола.

Слоган

Слоганот на Копа Америка 2019 е "Vibra el Continente/Vibra o Continente" (Вибрирање на континентот).

Официјална песма

"Vibra Continente", дуетска песма на бразилецот Лео Сантана и колумбијката Карол Џи, е официјална песна на Копа Америка 2019.

Топка Како официјална топка на ова издание на Копа Америка, била објавена топката на Најк Мерлин Рабиско на 24 јануари 2019 година. Нејзиниот дизајн бил инспириран од графитите на ѕидовите во Бразил. Таа е претежно бела и црна украсена со сини и жолти бои со спреј ефект.

Наводи

Надворешни врски

Копа Америка Бразил 2019, CONMEBOL.com

Категорија:Копа Америка 2019 2019 Копа Америка Копа Америка 2019 Категорија:Фудбалот во Бразил