Хуго Филип Јакоб Волф (), (роден во , на – починат во , на ), бил австриски композитор по потекло од Словенија, особено е познат и истакнат со неговите соло песни - Песни. Во нив внесува оригинален експресивен музички израз близок до Втората виенска школа, но повеќе поединечен и различен, особено во техникатаHugo Wolf.

Животопис Неговите родители (Кетрина Ореховник и Филип Вулф) биле со словенечко потекло.

Завршил само основно училиште, а неговиот татко го научил да свири пијано и виолина. Во 1875 година се запишал на Виенскиот конзерваториум, каде што се запознал со неговиот соученик Густав Малер. Најверојатно, на конзерваториумот, многу малку се ангажирал и учел, поради што бил исклучен во 1877 година.

Првиот концерт со негова авторска музика, особено соло песни, го одржал во Словењ Градец во 1877 година. Кон крајот на истата година заминал во Виена каде што и останал до неговата прерана смрт.

По доаѓањето во Виена во 1877 година, во наредните девет години, бил на врвот од својата слава, истакнувајќи се преку бројните солистички концерти и плодната творечка работа особено во оригиналните и впечатливи соло песни.

Во овој период, бил исклучително творечки активен, поради што, доживеал силна ментална и физичка исцрпеност. Бил многу чувствителен, а живеел во екстремна сиромаштија, единствено издржуван од неговиот татко.

Последните неколку години од животот ги поминал во душевна болница, заболен од неизлечлив сифилисHugo Wolf Biography.

Творештво Опери Корегридор (1895) Мануел Венегас (недовршена, 1897)

Соло песни Мерик соло песни, (1888)Hugo Philipp Jacob Wolf. Ајхендорф соло песни, (1889), Соло песни - Гете, (1890), Шпанска книга, (1891) Италијански соло песни, (1892, 1896) Соло песни - Микеланџело (1897), Татковината

Инструментална музика Гудачки квартет во Д-мол (1878 –1884)Prometheus. Пентесилеа (1883 – 1885)

Наводи

Надворешни врски Suomen musiikkikirjastoyhdistyksen Biography Birthplace of Hugo Wolf Slovenj Gradec.

Категорија:Австриски композитори