Дуван Естебан Сапата Бангуеро (роден на 1 април 1991 во Кали) — колумбиски фудбалер, напаѓач на , на заем од , и на колумбиската репрезентација.

Животопис Дуван Сапата е роден во Кали, Колумбија, како едно од двете деца на Оливер Сапата и Елфа Бангуера; тој има и сестра по име Карол, додека неговиот братучед, Кристијан Сапата, е исто така професионален фудбалер и репрезентативец на Колумбија.

Тој е оженет со Нана Монтањо, со која имаат две деца син и ќерка.

Технички одлики Централен напаѓач со огромна физичка моќ, одлика што му овозможува да игра добро свртен со грб кон голот. Тој има моќен и прецизен шут, а исто така е вешт во играта во воздуот и во играта еден на еден.

Клупска кариера Америка Кали Сапата ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Америка де Кали. Тој бил промовиран во првиот тим во 2008, и истата година на 18 мај го направил своето деби во натпреварот против Бојака Чико, во кој го забележал и својот прв гол во професионалната кариера. Со текот на времето, постепено тој станал редовен стартер во клубот. На 13 февруари 2011, Сапата го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата со 3–2 над Депортиво Переира. Откако настапувал за Колумбија на Светското првенство за играчи под 20 години 2011, било објавено дека Сапата ќе му се приклучи на аргентинскиот клуб Естудиантес де Ла Плата на едногодишна позајмица.

Естудијантес Во 2011 година, Сапата му се приклучил на Естудијантес на заем за 120.000 долари со можност за откуп за 1.2 милиони долари. Сапата постигнал гол уште на своето деби во победата со 3–2 над Белграно. Во текот на својата прва година со Естудијантес, Сапата повремено настапувал и за резервниот тим, но и покрај тоа, тој сепак успеал да постигне четири гола во осум натпревари во Торнео Клаусура 2012. Вкупно во првата сезона во Естудијантес, во Апертура и Клаусура првенствата, Сапата постигнал 5 гола во 11 натпревари. Во текот на летото 2012 година, Естудијантес купил половина права од договорот на Сапата од Америка де Кали.

Во сезоната 2012-2013, Сапата се појавува како редовен член во почетните единаесет на Естудијантес, и со 16 гола на 33 натпревари се претворил во фундаментален дел од тимот. Одличната сезона привлекува интерес за него од европските клубови.

Во јули 2013 година, англискиот клуб член на Премиер лигата Вест Хем Јунајтед поднел барање за добивање на работна дозвола за Сапата пред можниот негов трансфер од Естудијантес. Иако не ги исполнувал вообичаените барања за дозвола, Вест Хем се обидел да го обезбеди неговото доаѓање тврдејќи дека тој е "посебен талент" кој ќе ја подобри фудбалската игра во Англија. Сепак, сопствениците на Вест Хем веднаш потоа објавиле на социјалните мрежи дека се повлекуваат од трансферот.

Наполи На 25 август 2013, Сапата потпишал за во трансфер вреден 7.5 милиони евра. Дебитирал во дресот на Наполи, а во исто време и во Серија А, на 28 септември, во победата со 2-0 против . Три дена подоцна, дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот против игран на Емирати. На 22 октомври 2013, во истото натпреварување го постигнал својот прв гол во дресот на Наполи, во победата со 2-1 над на Велодром, само девет минути подоцна по влегувањето во игра на местото на Гонсало Игуаин. Потоа, тој го постигнал својот прв гол пред домашната публика во натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа против , кој завршил со 2-2. Својте први голови во Серија А ги постигнал на 26 март 2014 година, во гостинската победа против (4-2), во која двапати ја затресол мрежата на сицилијанците. Во мај 2015, тој постигнал уште три гола во првенството, еден во победата со 5-2 на гостувањето кај и два во победата со 5-1 на домашен терен над . Во својата прва сезона со наполитанците постигнал вкупно 7 гола во 22 настапи.

Дури и во сезоната 2014-2015, колумбиецот често се наоѓа себеси како ги започнува натпреварите на клупата за резерви. На 24 септември 2014 година, во третото коло на Серија А 2014-2015, тој го постигнал првиот гол за сезоната во ремито 3-3 на домашен терен против . Во натпреварот одигран на 22 март 2015 година против , го постигнал својот осми гол за сезоната за Наполи, што го прави колумбиец со најмногу постигнати голови во една сезона за наполитанците надминувајќи го Фреди Ринкон кој постигнал 7 во сезоната 1994-1995. Тој исто така во моментов е колумбиски играч со најмногу постигнати голови во дресот на Наполи вкупно 15 во 53 одиграни натпревари во светлосиниот дрес.

Удинезе Во јули 2015 година, тој го напуштил Неапол и заминал на двегодишна позајмица во , со право на откуп. Дебитирал на 23 август 2015, во победата со 1-0 на гостувањето кај , влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Антонио Ди Натале. Првиот гол за Удинезе во првенството го постигнал против . Во првата сезона на Фриули одиграл 25 натпревари во првенството и постигнал 8 гола.

Во втората сезона во клубот тој добил повеќе простор за игра откако капитенот Ди Натале се пензионирал. Сапата играл во сите 38 натпревари од Серија А постигнувајќи 10 гола.

Титули Клупски Наполи Куп на Италија (1) : 2013-2014 Суперкуп на Италија (1) : 2014

Репрезентативни Колумбија Турнир во Тулон (1) : 2011

Наводи

Надворешни врски

Дуван Сапата на soccerway Дуван Сапата на transfermarkt Дуван Сапата на espn Дуван Сапата на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1991 година