Братислава (, ; ) — главен град на Словачка и со своите 429.000 жители тој е најголем град во републиката. Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави. Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.

Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, Собрание и Влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции. Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.

Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример Германци, Чеси, Унгарци, Словаци или Евреи. Градот бил главен град на Кралството Унгарија како дел од поголемата Хабсбуршка монархија од 1536 до 1783 и дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски фигури.

Потекло на поимот

Денешното име на градот, Братислава, било официјално прифатено за градот на 6 март 1919. Претходно градот бил познат под неколку имиња на различни јазици. Првото забележано име за градот датира од X век и фигурирало името Брезалауспурц (Brezalauspurc) што во буквален превод значи „замокот на Браслав“. Позначајни останати имиња за градот биле Пресбург на германски, Пожоњ на унгарски и Прешпорок на словачки.

Историја мини|лево|150п|Келтска сребрена монета во споредба со словачка круна.

Првата позната населба во регионот на денешна Братислава била создадена пред 5000 години п.н.е. во неолитскиот период. Во 200 година п.н.е. келтски племиња се населиле во регионот и ја основале првата позначајна населба со изградба на тврдина позната како опидум. Покрај тоа, Келтите основале и ковачница за монети каде се произведувале сребрени монети познати како биатеци. Градот и регионот потпаднал под римска власт од првиот до четвртиот век и создале граничен одбранбен систем.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 73 Покрај општествените промени кои ги направиле Римјаните, тие го вовеле и производството на вино како нова земјоделска гранака во регионот.

Словените се населиле во регионот во V век или VI век за време на големиот миграциски словенски бран.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 90 Како незадоволство против аварското прогонство, Словените се организирале и ја основале првата словенска држава, односно кралството на Само кое траело од 623 до 658 година. Во IX век, замоците Братислава и Девин станале важен центар на словенските држави Кнежевство Нитра и Велика Моравија.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 95 Првиот запишан податок за градот датира од 907 година и се однесува за битка во која баварската војска била поразена од Унгарците и е тесно сврзана со потпаѓањето на Велика Моравија под унгарска власт.Špiesz, "Bratislava v stredoveku", p. 9

Во X век, територијата на Пресбург станала дел од Унгарија и станал главен економски и административен центар во кралството. Оваа стратешка позиција му донела на градот чести војни и напади, но исто така му донела висок економски и политички статус. Првите привилегии како град, Пресбург ги добил во 1291 година од страна на унгарскиот крал Сигисмунд.Špiesz, "Bratislava v stredoveku", p. 132

Унгарското кралство било поразено од Отоманското Царство во Мохачката битка во 1526 година. Поради тоа, Турците во одреден степен го уништиле градот, но сепак не успеале сосема да го освојат.Lacika, "Bratislava", p. 30 Поради продорството на Турците во Унгарија, Унгарскот Кралство било приморано Братислава да ја прогласи како главен град на Унгарија во 1536 година. Наскоро Унгарија и Братислава станале дел од Хабсбуршката монархија и започнала нова ера од историјата на градот. Братислава станал град на крунисување и седиште на кралеви, архиепископи и главни воени лица. Помеѓу 1536 и 1830 година, единаесет кралеви и кралици биле крунисани во Братислава.Lacika, "Bratislava", p. 62 Како и да е, XVII век е окарактеризиран со антихабсбуршки востанија, битки со Турците, поплави и болести.Lacika, "Bratislava", pp. 31–34

мини|лево|150п|Братислава во XVII век. мини|лево|150п|Братислава во 1787.

Пресбург се развил во XVIII век кога на престолот била Марија Тереза и градот станал најголем и најважен град во Унгарија.Lacika, "Bratislava", pp. 34–36 Населението на градот се зголемило тројно, голем број нови места како што се манастири и патишта биле изградени и градот бил центар на социјалниот и културниот живот на регионот.Lacika, "Bratislava", pp. 35–36 Сепак градот почнал да ја губи својата важност кога на престолот бил кралот Јозеф II, особено кога кралскиот накит бил префрлен во Виена во 1783 година во обид да се зацврсти врската помеѓу Австрија и Унгарија. Голем број важни општествени канцеларии биле префрлени во Буда исто така. Првите весници на унгарски и словачки јазик биле исто така испечатени во Братислава, односно во 1780 излегол унгарскиот весник, додека во 1783 излегол словачкиот весник.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", pp. 350–351 Во XVIII век, Братислава станал централ на словачкото национално движење.

XIX век бил окарактеризиран со настани кои биле присутни низ европскиот континент. Мировниот договор помеѓу Австрија и Франција бил потпишан во Братислава во 1805 година.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 384 Замокот Девин бил уништен од француските трупи во 1809 година.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 385 Во 1843 година како службен јазик во Братислава бил прогласен унгарскиот јазик кој се користел во администрацијата, образованието и во јавноста.Erzsébet Varga, "Pozsony", p. 14 (Hungarian) Во XIX век исто така и индустријата забележала поголем пораст. Така, во 1840 година била изградена запрежна железничка линија од Братислава до Свети Јур.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", pp. 426–427 Во 1848 година била пуштена во употреба парна локомотива до Виена, додека исто таква локомотива била пуштена во употреба во 1850 година и до Пешта.Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 451

мини|десно|150п|Бомбандирањето на Братислава. мини|десно|150п|Споменикот Славин изграден во чест на паднатите жртви за слобода на Словачка.

Пред Првата светска војна, етнички, градот имал 42% Германци, 41% Унгарци и само 15 % Словаци. По Првата светска војна и со основањето на Чехословачка на 28 октомври 1918 година градот и Словачка биле дел од новата држава.Lacika, "Bratislava", p. 42 Доминантното германско и унгарско население биле против анексирањето на градот кон Чехословачка и го прогласиле за слободен. Како и да е, чехословачките легионери го окупирале градот на 1 јануари 1919 година и го приклучиле кон федерацијата. Така, градот станал центар на словачкиот политички живот и на 4 февруари бил избран за главен град на Словачка. На 12 февруари 1919 година унгарското и германското население почнало повторно да протестира за новонастанатата ситуација, но демонстрациите биле разбиени.Marcel Jankovics, "Húsz esztendő Pozsonyban", p. 65-67 (Hungarian) На 27 март 1919 година официјално било променето името во Братислава. Така, останати без посилна поддршка, унгарското население почнало да се иселува од градот преку протерување или бегање и на нивното место се населиле Словаци и Чеси. Во 1930 година процентот на Унгарци изнесувал само 15.8%.

Во 1938 година, Нацистичка Германија ја анексирала Австрија и околните територии на Братислава.Kováč et al., "Bratislava 1939–1945", pp. 16–17 Братислава станал главен град на првата независна Словачка Република на 12 март 1939 година, но оваа новосоздадена држава не траела долго и била под нацистичко влијание. Во периодот од 1941 и 1945 година, од Братислава биле истерани околу 15.000 Евреи и погубени.Lacika, "Bratislava", p. 43. Kováč et al., "Bratislava 1939–1945, pp. 174–177 Братислава била бомбандирана од сојузничките сили, подоцнс окупирана од германски сили и на крај заземена од советските сили.Kováč et al., "Kronika Slovenska 2", p. 300 При крајот на Втората светска војна повеќето од Германците од Братислава биле евакуирани и пренесени во Германија.

По завршувањето на војната на власт во Чехословачка дошла Комунистичката партија. Во овој период градот се проширил територијално, но и бројот на населението постепено се зголемувал каде 90% од населението биле Словаци. Набрзо биле изградени голем број значајни објекти, мостови и општествените установи.

Во 1993 година, Братислава станал главен град на ново создадената Словачка Република откако Чехословачка мирно се разделила на две држави.

Географија и клима

left|140px|thumb|Карта на Братислава. thumb|десно|140px|Сателитска снимка на Братислава.

Братислава се наоѓа во југозападна Словачка, поточно во регионот Братислава. Поради специфичната местоположба и близината со австриската и унгарската граница Братислава е единствениот главен град кој граничи со две држави. Братислава е оддалечена од чешката граница околу 62 километри, додека од Виена е оддалечена само 60 километри.

Вкупната површина на Братислава изнесува 367.58 км2 и така според површина е втор најголем град во Словачка, веднаш зад Високи Татри. Градот се наоѓа на реката Дунав која го дели на два дела. Покрај Дунав, во близина на Братислава се и реките Морава и Мал Дунав.

Во близина на Братислава започнуваат Карпатските Планини, поточно овој дел од Карпатите се наречени Мали Карпати. Најниска точка на градот е реката Дунав со надморска височина од 126 метри, додека највисока точка е Девинска Кобила со надморска височина од 140 метри.

Братислава има континентална клима со четири различни временски сезони. Климата во градот варира, односно има многу ладни зими и прилично топли лета. Братислава лежи во еден од најсувите и најтоплите региони на Словачка.Lacika, "Bratislava", p. 10 Снегот е помалку забележлив и присутен одошто во изминатите години. Некои делови од градот како на пример Девин и Девинска Нова Вес се ранливи на поплави од Дунав и Морава. Поради тоа, на броговите на реките во последно време се градат одбранбени насипи.

Демографија

Попис од 2001ОкругНаселениеЕтничка групаНаселениеБратислава I–V428.672Словаци391.767Братислава I44.798Унгарци16.541Братислава II108.139Чеси7.972Братислава III61.418Германци1.200Братислава IV93.058Моравци635Братислава V121.259Хрвати614

Од основањето на градот па сè до XIX век, Германците биле доминантна етничка група. После австроунгарскиот договор од 1867 година, започнала да се врши голема унгаризација на населението и до крајот на Првата светска војна 40% од населението на Братислава зборувало унгарски јазик, 42% зборувало германски јазик и само 15% зборувало словачки јазик. По основањето на Чехословачка во 1918 година, Братислава останал мултинационален град, но со различен демографски тренд. Благодарејќи на словакизацијатаIris Engemann (European University Viadrina, Frankfurt/Oder) The Slovakization of Bratislava 1918-1948. Processes of national appropriation in the interwar-period. CEU 07.03.2008 http://web.ceu.hu/urbanstudiesworkshop/documents/iris_engemann.pdf процентот на Словаци и Чеси во градот се зголемил, додека процентот на германско и унгарско население се намалил. Во 1938 година, 59% од населението биле Словаци или Чеси, додека Германците биле 22% и Унгарците само 13% од населението.Lacika, "Bratislava", p. 43 Со создавањето на првата словачка република голем број Чеси и Евреи се населиле во градот. Во 1945 година повеќето Германци од градот биле евакуирани. Откако Чехословачка се обновила, голем број од Германците и Унгарците кои останале во градот биле казнето поради соработка со Хитлер со тоа што биле депортирани во Австрија, Германија или Унгарија. Поради сето ова, Братислава останала со мнозинско словачко население.