Александру Чикалдау (роден на 8 јули 1997 во Меџидија) — романски фудбалер, на и на романската репрезентација.
Технички одлики Централен играч од средниот ред со одлична визија за играта, вешт во вертикализацијата на нападите на својата екипа и добар изведувач на прекини (слободни удари и корнери); поради неговите одлики во италијанските медиуми бил споредуван со Марко Верати.Un talento al giorno, Alexandru Cicaldau: il Verratti transilvano tuttomercatoweb.com
Клупска кариера Виторул Констанца Чикалдау израснал во Сату Ноу, село во близина на Меџидија, округот Констанца и започнал да игра фудбал на возраст од 8 години. Подоцна се приклучил на Академија Георге Хаџи, која служи како младински сектор на фудбалскиот клуб Виторул Констанца.
Своето деби во првата дивизија за Виторул го имал на 31 март 2016 година, на возраст од 18 години, во ремито 1-1 против Тргу Муреш. Тој станал стандарден првотимец на клубот во сезоната 2017-2018, забележувајќи 38 настапи и еден гол во сите натпреварувања.
Университатеа Крајова На 6 јули 2018 година, Чикалдау се преселил во ЧС Университатеа Крајова потпишувајќи четиригодишен договор со клубот. Според медиумите сумата на трансферот иззнесувала 1 милион евра, при што Виторул исто така има право на процент од идната продажба. Своето прво појавување во "бело-синиот" дрес, Чикалдау го имал осум дена подоцна во Суперкупот на Романија, играјќи го целиот натпревар од почеток до крај во поразот со 1-0 од ЧФР Клуж.
Својот прв гол Чикалдау го постигнал во првенствената победата со 3-0 над Астра Џурџу, на 26 октомври 2018. Потоа, тој го пронашол патот на топката до мрежата повторно само четири дена подоцна, овој пат во победата со 4-1 над Турну Магуреле во Купот на Романија. На 31 март 2019, Чикалдау постигнал гол со глава во поразот со 3–2 на гостувањето кај ФКСБ. Својата прва сезона со Университатаеа Крајова ја завршил со 43 настапи и 5 гола во сите натпреварувања.
Репрезентативна кариера Најпрво, Чикалдау ја претставувал Романија во селекцијата под 19 години, забележувајќи 6 настапи без постигнат гол во периодот 2015-2016.
Од 2017 година настапува за репрезентацијата под 21 година, со која настапил и на Европското првенство 2019 во Италија и Сан Марино.
Својот прв повик во сениорската репрезентација, Чикалдау го добил во март 2018 година. Дебитирал на 24 истиот месец, влегувајќи како замена во 83-тата минута во пријателскиот натпревар против Израел, што Романија го добила со 2-1.
Титули Виторул Констанца Лига 1 (1) : 2016–2017
Наводи
Надворешни врски Александру Чикалдау на soccerway Александру Чикалдау на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Романски фудбалери Категорија:Фудбалери на ЧС Университатеа Крајова 1948 Категорија:Родени во 1997 година