Кемер е одморалиште и област на провинцијата Анталија на средоземниот брег на Турција, 40 километри, западно од градот Анталија, на турската ривиера.

Кемер е во Анталискиот Залив, 53 километри на морското крајбрежје во подножјата на западните Таур планини. Брегот има типична средоземна топла и сува клима и топло море. До почетокот на 1980-тите години ова била тивка рурална област, но денес градот Кемер и крајбрежните села во областа играат многу важна улога во туризмот во Турција .

Наводи

Категорија:Анталија Категорија:Координати на Википодатоците