Кошон (француски: Île aux Cochons) или Остров на свињите е ненаселен остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Во рамките на архипелагот, островот е трет најголем остров со вкупна површина од 67 км2. Административно, островот е дел од Француските јужни и антарктичи земји.

Географија Кошон е најзападен остров во архипелагот. Кошон е на 30 километри северозападно од островот Пингуин и на 15 километри југозападно од островот Апотр. островот всушност е еродирана вулканска купола и неактивен кратер. брегот на островот е составен делумно од ниски сртови. На островот има животни кои не се автохтони, донесени се, и такви се мачките, глувците и стаорците. На островот биле донесени и свињи, од кои потекнува името, но тие биле искоренети. На островот нема конструкции направени од човек и ретко е посетен од луѓе.

Галерија

Поврзано Крозе

Наводи

Категорија:Крозе Категорија:Острови во Индискиот Океан Категорија:Ненаселени острови