Борис Чоревски (роден во Скопје, )Борис Чоревски на мрежното место на ИМДб — македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од 1975 година,Значајни личности за Битола, 2007 па сè до неговото пензионирање во 2016 година. Продолжува да биде активен и по пензионирањето. Од тогаш до сега одиграл повеќе од 150 улоги.

Животопис Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Гостувал и во театрите во Прилеп, Штип, Струмица, како и во Македонски народен театар и Драмски театар. Бил и водител на емисиите „Битола во вашата младост“ и „Чоре Топ Хит“ на Тера Телевизија, како и на Македонската радио-телевизија.

Творештво Во својот глумечки живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.

Има остварено над 20 филмски улоги и 15 телевизиски серии. Има остварено главна улога во филмовите Трговецот од Солун на Душан Наумовски, Црвениот коњ на Столе Попов, Прва вечер на Димитрие Османли, Јавачи на ветрот, Прашина и Мајки на Милчо Манчевски. Играл и во сериите: Илинден, Девојките на Марко на Димитар Христов, Битолски лакрдии, Втора смена, Големи и мали, Трето па машко на Душан Наумовски, Црвениот поет. Учествувал и во турските серии кој се снимени во Македонија, Збогум, Румелија и Последно лето на Балканот во режија на Сердар Акар.

Поважни театарски улоги Година Улога Претстава Автор 1976 ВукЈелена ЌетковиќАлександар Поповиќ 1978 ЃокаСомнително лицеБранислав Нушиќ 1978 Никола КаревОкрвавен каменВасил Иљоски 1978 ДаскалотСудКоле Чашуле 1983 МалвоилиоНоќ спроти ВодициВилијам Шекспир 1984 КироЛет во местоГоран Стефановски 1986Версилов МладичДостоевски 1986 Осман-бегМакедонска крвава свадбаВојдан Чернодрински 1996 Одам на ловЉубиша Георгиевски 1997 АјгејМедејаЕврипид 1997 Дон ЖуанДон Жуан се враќа домаЕден фон Хорват 1998 ВладимирЧекајќи го ГодоСемјуел Бекет 1998 ТаткотоМачка на вжештениот покривТенеси Вилијамс 2000 ЈорданПечалбариАнтон Панов 2000 Прохор ЖелезновВаса ЖелезноваМаксим Горки 2001 Трајко попотЦрквичето 40 маченициВладимир Костов 2002 ЈончеПисаниеЖивко Чинго 2003 КапулетиРомео и ЈулијаВилијам Шекспир 2011 Барон Минхаузен Минхаузен Григориј Горин 2011 Пијаницата Обична приказна Марина Ладо 2015 Божествена комедија 2015 Тајното оружје 2016 Тоде Јане Задрогаз Горан Стефановски 2019 Детето Детето сонува Ханох Левин

Филмографија Година Филм Улога 1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм 1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм / 1975 Јад ТВ-филм / 1975 Прва вечер ТВ-филм Климе 1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Сеиз 1977 Пресуда ТВ-филм 1979 Жена од малтер ТВ-филм / 1980 Оловна бригада ТВ-филм 1980 Учителот ТВ-филм / 1981 Црвениот коњ ТВ-филм / 1982 Илинден ТВ-серија Миле 1982 Јавачи на ветрот ТВ-филм / 1983 Црвениот коњ ТВ-филм / 1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Сулејман-бег 1986 Среќна нова '49 ТВ-филм 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм / 1987 Девојките на Марко ТВ-серија / 1988 Втора смена ТВ-серија Милиционерот 1991 Поштар ТВ-филм 1992 Тврдокорни ТВ-серија 1994 Пред дождот ТВ-филм 1994 Прекалени ТВ-серија Григор Прличев - возрасен 1995 Ангели на отпад ТВ-филм Мино Маткалиев 1999-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2000 Погрешно време ТВ-серија 2000 Големи и мали ТВ-серија Милан 2001 Македонска емиграција ТВ-филм / 2001 Прашина ТВ-филм Стрелец 2002 Наше маало ТВ-серија Петар 2003 Битолски лакрдии ТВ-серија / 2007 Сенки ТВ-филм Стамат 2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Џамбо 2010 Мајки ТВ-филм Батерија 2011 Трето па машко ТВ-серија Тихомир Цветко 2012 Трето полувреме ТВ-филм 2012 Последно лето на Балканот ТВ-серија Командирот 2013 Тврдокорни ТВ-серија Јаким 2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Златарот 2018 Година на мајмунот ТВ-филм Комшија 1 2022 Кајмак ТВ-филм 2024 Црвениот поет ТВ-серија Господин Колендиќ

Награди и признанија Награда „4 Ноември“ доделена од страна на Општина Битола Најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (двапати) „Екран“ (двапати) 2011 - Награда „Петре Прличко“ Награда „11 Октомври“ 2011 - Награда „Ристо Шишков“ 2021 - Награда за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ 2024 - Награда „4 Ноември“ за животно дело

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Петре Прличко“ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Штип Категорија:Луѓе со потекло од Велес Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“