Хасански реон () — реон во Приморскиот крај, југоисточна Русија.Закон бр. 161-КЗЗакон бр. 187-КЗ Сместен е во југозападниот дел на крајот, помеѓу реката Тумен и заливот Петар Велики. Зафаќа површина од и се граничи со граничи со Кина на запад и Северна Кореја на југозапад. Седиште е местото Славјанка, кое е населба од градски тип со население од или 39,5 % од вкупното население на реонот.

Природа Реонот важи за подрачје од природна важност и има две природозаштитни подрачја. Во 1916 г. е воспоставен природниот резерват Кедроваја Пад со цел запазување на ретките животни од јужното Приморје како амурскиот леопард, сибирскиот тигар и сибирскиот мошусен елен; Во 1978 г. е основан и Далекуисточниот морски резерват, во кој се штити подводниот свет на заливот Петар Велики: преку илјада видови безрбетници, околу триста видови риби и разни цицачи. Од особено значење се морската краставица и пегавата фока (ларга).

Стопанство Главни стопански гранки на реонот се риболовот и поправката на бродови. Утврден е потенцијалот за морско рибникарство, лекувалишта и висококласен туризам. Се одгледуваат и крзнени животни.

Хасанскиот реон има лежишта на скапоцени метали, градежен песок и каменот „петунце“, кој се вади во Гусевское за потребите на месниот порцелански завод.

Има неколку пристаништа: Посјет, Зарубино и Славјанка, со прекугранични тракетни линии до Кина и Северна Кореја. Населбата Хасан крај истоименото езеро има граничен премин кон Северна Кореја.

Збратимени места Сокчо, Јужна Кореја

Поврзано Хасан (езеро)

Наводи Белешки

Извори

Надворешни врски

Дума на Хасанскиот реон Управа на Хасанскиот реон Неофицијална страница на Хасанскиот реон Информативна агенција на Хасанскиот реон Новинска служба на Хасанскиот реон

Категорија:Реони во Приморскиот крај Категорија:Руско-севернокорејска граница