Празник во Рим е романтична комедија од 1953 година која ја раскажува приказната за една млада принцеза што при една службена посета во Рим побегнува и се спријателува со еден циничен американски новинар кој отпрво од новото познанство бара само спектакуларна приказна, но со тек на време сфаќа дека се заљубил во неа.
Во филмот Празник во Рим американската публика за првпат ја запознава Одри Хепберн, англиска глумица со белгиско потекло, која за улогата во овој филм ќе добие и оскар за најдобра женска улога. Покрај Одри Хепберн, во главните улоги се појавуваат и Грегори Пек и Еди Алберт.
Улоги
Грегори Пек — Џо Бредли Одри Хепберн — Принцезата Ен (Ања Смит) Еди Алберт — Ирвинг Радовиќ Хартли Пауер — Г. Хенеси, уредник Харкурт Вилијамс — амбасадор Маргарет Ролингс — Грофица Вереберг
Награди Освоени награди
Оскар за најдобра глумица (Одри Хепберн) Оскар за најдобра кинематографија (Едит Хед) Оскар за најдобро оригинално сценарио (Јан МекЛелан Хантер и Далтон Трамбро) Награда БАФТА за најдобра британска глумица (Одри Хепберн) Златен глобус за најдобра глумица — драма (Одри Хепберн) Награда од Њујоршките филмски критичари за најдобра глумица (Одри Хепберн)
Номинации
Оскар за најдобар филм Оскар за најдобар режисер (Вилијам Вајлер) Оскар за најдобар глумец во споредна машка улога (Еди Алберт) Оскар за најдобра сценографија (Хал Переира и Волтер Х. Тајлер) Оскар за најдобра монтажа (Роберт Свинк) Награда БАФТА за најдобар филм Награда БАФТА за најдобар странски глумец (Еди Алберт) Награда БАФТА за најдобар странски глумец (Грегори Пек) Наводи
Надворешни врски
Рецензија на Rottentomatoes.com Празник во Рим на IMDb (англиски)
Категорија:Филмови од 1953 година Категорија:Филмови на Вилијам Вајлер Категорија:Филмови со Грегори Пек Категорија:Филмови со Одри Хепберн Категорија:Филмски комедии Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови снимени во Рим Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Рим Категорија:Култни филмови Категорија:Црно-бели филмови