Билион (од ) — поим кој може да се однесува на два различни броја:
Долга скала (македонска употреба) 1.000.000.000.000 (милион милиони) или десет на дванаесетти степен () според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ илјадапати поголем од билионот на кратката скала (подолу), и износ истоветен на трилионот во таа скала.
Кратка скала 1.000.000.000 (илјада милиони) или десет на деветти степен () според кратката скала. Претставува износ истоветен на милијардата во долгата скала. .
Денес кратката скала е сеприсутна во англојазичните земји. Во САД е усвоена многу одамна, преку Франција. Британија пак, официјално се префрлила на оваа скала дури во 1974 г., иако наоѓала примена во техничката литература и новинарството уште од 1950-тите; денес британскиот билион во долгата скала се јавува поретко.
Поврзано Трилион Милијарда
Наводи
Категорија:Големи броеви