Мадрид (, шпански изговор: [maðɾið], разговорно: [maðɾi]) — главен и најголем град во Шпанија. Градот е населен со околу 3,3 милиони INE.es Instituto Nacional de Estadística (National Statistics Institute) (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) — пресметано дека е 6.386.932 жителиEurostat.

Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон.Eurostat, UrbanAudit.org, accessed on 12 March 2009. Data for 2004.Thomas Brinkoff, Principal Agglomerations of the World, accessed on 12 March 2009. Data for 1 January 2009.United Nations Department of Economic and Social Affairs, World Urbanization Prospects (2007 revision) , (United Nations, 2008), Table A.12. Data for 2007. Градот се простира на 698 км2.Member of the Governing Council. Delegate for Economy, Employment and Citizen Involvement. Page 6

Градот се наоѓа на реката Мансанарес во центарот и на земјата и општината на Мадрид (која го опфаќа градот Мадрид, со своите издвоени и проширени предградија и села); оваа општина се граничи со автономни заедници на Кастиља и Леон и Кастиља-Ла Манча. Освен главен град на Шпанија, седиште на владата и престолнина на шпанскиот монарх, Мадрид исто така е и политички центар на Шпанија. Моментален градоначалник е Алберто Руиз-Гаљардон од народната партија. Тој е на функција од 2003 година, кога го напуштил Претседателството на автономната заедница на Мадрид и се кандидирал да го замени заминувањето на градоначалникот Хосе Марија Алварез дел Мансано, кој исто така е од народната партија. На последните локални избори од 2007 година, Руиз Гаљардон го зголеми мнозинството на народната партија во Градскиот совет на 34 места од вкупно 57, земајќи 55,5% од гласовите и победи во сите освен во два региони.

Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпански компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми (Telefónica, Repsol-YPF, Banco Santander). Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски населби и улици. Во неговите обележја се вклучени огромната Кралската палата на Мадрид; Театро Реал (Кралскиот театар), со негова обнова во 1850 во оперска куќа; паркот Буен Ретиро, основан во 1631; величествената зграда на Националната библиотека од 19 век (основана во 1712), содржи некои од шпанските историски архиви, археолошки музеј и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Мусео Насионал Сентро де Арте Реина Софија, музеј на современа уметност, и музејот Тисен-Борнемиса, сместен во реновираната Палата Виљаремоса.

Име на градот

Постојат неколку теории за потеклото на името „Мадрид“. Според легендата, Мадрид бил основан од страна на Окно Бианор (син на кралот Турхениј на Тоскана и Мантова) и бил наречен Метрагирта или Мантова Карпетана. Други тврдат дека оригиналното име на градот е Урсарија („земја на мечки“ на латински), поради големиот број на овие животни, кои биле пронајдени во непосредна близина на шумите, кои заедно со јаготкиното дрво (мадроњо „madroñо“ на шпански), биле амблемот на градот од средниот век. Древното име на градот Магерит доаѓа од името на тврдина изградена на реката Мансанарес во 9 век по новата ера и значи „Место на изобилство со вода“.

И покрај се, денес општо се смета дека потеклото на сегашното име на градот потекнува од 2 век п.н.е. Римското Царство изградила населба на брегот на реката Мансанарес. Името на ова прво село било „Матриче“ (упатувајќи на реката што ја пресекува населбата). По нападите од страна на германските Суевес, Вандалс и Аланс за време на 5 век по новата ера, Римското Царство не може да ги одбрани своите територии на Пиринејскиот Полуостров и поради тоа е окупиран од Визиготите. Варварските племиња потоа ја презеле контролата на „Матриче“. Во 7 век исламската победа на Пиринејскиот Полуостров го изменила името во „Мајрит“, од арапскиот термин ميرا „Мајра“ (упатувајќи на водата како „дрва“ или „давател на животот“) и иберороманската наставка „ тоа "што значи" место “. Сегашното „Мадрид” еволуирало од Мозарабиски „Матрит” коешто сѐ уште на мадрилеански значи ариевски, каурски, припадник на нееврејска раса.

Историја Среден век

Иако местотоположбата на денешен Мадрид била населена во предисториско време,Ocupaciones achelenses en el valle del Jarama (Arganda, Madrid);Santonja, Manuel; López Martínez, Nieves y Pérez-González, Alfredo;1980;Diputación provincial de Madrid; и има остатоци од римската ера првите документи за постоење на градот се од времето на калифатот. Постојат археолошки остатоци од малото село во текот на епохата на Визиготите, чие име можеби било прифатено подоцна од Арапите. Потеклото на модерниот град доаѓа од 9 век, кога Мухамед I заповедал изградба на една мала палата на истото место каде што денес се наоѓа Палатата Реал. Околу оваа палата била изградена мала тврдина, ал - Мудаина. Во близина на палатата била Мансанарес,It was recorded in the 15th century by the Arab geographer al-Himyari, who wrote in his "The Book of the Fragrant Garden" (Kitab al-Rawd al-Mitar) about the history of the city. He describes: "Madrid, remarkable city of Al-Andalus, which was built by Amir Muhammad ibn Abd ar-Rahman..." која муслиманите ја нарекувале ал - Мајрит (на арапски: المجريط, „извор на вода“). Од ова доаѓа до именување на местото како Мајерит, кое подоцна се развило во денешниот правопис на Мадрид. Тврдината била освоена во 1085 од страна на христијанскиот цар Алфонсо VI од Кастиља во неговиот поход кон Толедо.Тој ја реконструирал џамијата како црква на Девицата на Алмудена (almudin, заштитничка на гарнизоните). Во 1329, генералите на Кортес за првпат се собрале во градот за да го советуваат Алфонсо XI од Кастиља. Евреите Сефарди и Маврите продолжиле да живеат во градот, сè додека не биле протерани кон крајот на 15 век. По немирите и големиот пожар, Хенри III од Кастиља (1379-1406) го обновил градот и самиот изградил безбедносна тврдина од надворешната страна на ѕидовите на Ел Пардо. Големото влегување на Фердинанд и Изабела во Мадрид е предвесник на крајот на борбата помеѓу Кастиља и Арагон и крај на златната епоха на Евреите во Шпанија.

Ренесанса

Круната на Кастиља, со својот главен град во Толедо, и круната на Арагон, со свој главен град во Барселона, беа соединети во современа Шпанија од страна на католичките монарси (кралицата Изабела од Кастиља и кралот Фердинанд II од Арагон).

Иако нивниот внук Карлос I од Шпанија (исто така познат како Карлос V, Светски Римски Император) ја фаворизира Севиља, неговиот син Филип II (1527-1598), бил тој кој ја префрлил престолнината во Мадрид во 1561. Иако тој не направил никакво официјално соопштение, седиштето на кралскиот дворец било и главен град. Севиља продолжила да ја контролира трговијата на колониите со Шпанија, но Мадрид ја контролирал Севиља.

Освен еден краток период, 1601-1606, кога Фелипе III, го поставил својот дворец во Ваљадолид, среќата на Мадрид тесно се огледувала во онаа на Шпанија.

Во текот на Силјо де Оро (Златен век), во 16/17 век, Мадрид само малку наликува на другите европски престолнини, бидејќи населението во градот било економски зависно од работата на самиот дворец и немало друга значајна активност.

Од 19 век до денес

Во доцните 1800-ти, Изабела II не можела да ја потисне политичката напнатост, која ќе доведе до уште еден бунт, првата шпанска Република.Ова подоцна било проследено со враќање на монархијата во Мадрид, потоа создавање на Втората шпанска република, пред шпанската граѓанска војна.

Мадрид е еден од најтешко погодените градови во Шпанија во Граѓанската војна (1936-1939). Градот бил упориште на републиканците, од јули 1936 година. Неговите западни предградија биле место на најжестоката битка во ноември 1936 година и за време на Граѓанската војна, Мадрид станал првиот европски град бомбардиран од авиони (Јапонија била првата земја кој бомбардирала цивили во светската историја, во Шангај во 1932 година), кои како цел имале цивили во историјата на војувањето. (Види Опсада на Мадрид 1936-39).

За време на диктатурата на Франциско Франко, особено во текот на 1960 година, јужниот дел на Мадрид станал многу индустријализиран и имало масовни миграции од руралните (селските) делови на Шпанија во градот. југоисточната перферија на Мадрид станала голема населба претежно населена со работничка класа која била основата за политичка и културна реформа.

По смртта на Франко, демократските партии коишто се појавиле (вклучувајќи ги лево ориентираните и оние со републиканска идеологија) го прифатиле Кралот Хуан Карлос I како следбеник на Франко и како наследник на историската династија – за да одезбедат стабилност и демократија. Ова ја одвело Шпанија до нејзината сегашна положба како уставна монархија со Мадрид како главен град.

Искористувајќи го просперитетот на Шпанија во 1980-тите и 1990-тите години, главниот град на Шпанија ја зацврстил својата положба како важен економски, културен, историски, образовен и технолошки центар на Европскиот континент.

Географија

Клима

Регионот на Мадрид се одликува со ретка континентална средоземна клима со студена зима поради надморската височина, вклучувајќи и повремени снежни врнежи и минимални температури честопати под 0 °C (32 °F). Во лето е топло со температури кои постојано го надминуваат 30 °C (86 °F) во јули и август, а ретко може да достигне до 40 °C (104 °F). Поради надморската височина и сувата клима во Мадрид, дневните температури се значителни во летните месеци. Врнежите, иако концентрирани во есен и пролет, можат да се забележат во текот на целата година; во продолжение, ниската количина на врнежи, околу 436 милиметри годишно (17,2 инчи), доведува до тоа Мадрид да биде на границата на степска клима.

Области

Мадрид административно е поделен на 21 област, кои понатаму се поделени во 128 реони.

1. Сентро (Centro): Паласио (Palacio), Ембахадорес (Embajadores), Кортес (Cortes), Хустисиа (Justicia), Универсидад (Universidad), Сол (Sol). 2. Аргансуела (Arganzuela): Имеријал (Imperial), Акасиас (Acacias), Ла Чопера (La Chopera), Легаспи (Legazpi), Делисијас (Delicias), Палос де Мохуер (Palos de Moguer), Аточа (Atocha). 3. Ретиро (Retiro): Пасифико (Pacífico), Аделфас (Adelfas), Естреја (Estrella), Ибица (Ibiza), Херонимос (Jerónimos), Нињо Хесус (Niño Jesús). 4. Саламанка (Salamanca): Реколетос (Recoletos), Гоја (Goya), Парк де лас Авенидас (Parque de las Avenidas), Фуенте дел Беро (Fuente del Berro), Гвиндалера (Guindalera), Листа (Lista), Кастелјана (Castellana). 5. Чамартин (Chamartín): Ел Висо (El Viso), Просперидад (Prosperidad), Сиудад хардин (Ciudad Jardín), Латинска америка (Hispanoamérica), Нова Шпанија (Nueva España Кастиља (Castilla). 6. Тетјан (Tetuán): Белас Вистас (Bellas Vistas), Кватро (Cuatro) Каминос (Caminos), Кастилејос (Castillejos), Алменара (Almenara), Валдацедерас (Valdeacederas), Беругете (Berruguete). 7. Чамбери (Chamberí): Гацамбиде (Gaztambide), Арапилес (Arapiles), Трафалгар (Trafalgar), Алмагро (Almagro), Валјехермосо (Vallehermoso), Риос Росас (Ríos Rosas). 8. Фуенкарал - Ел Падро (Fuencarral-El Pardo): El Pardo, Фуентелареина (Fuentelarreina), Пењагранде (Peñagrande), Барио дел Пилар (Barrio del Pilar,) Ла Паз (La Paz), Валверде (Valverde), Мирасиера (Mirasierra), Ел Голосо (El Goloso). 9. Монклоа – Аравака (Moncloa-Aravaca): Кзаа де Кампо (Casa de Campo), Аргуелес (Argüelles), Сиудад Универзитарија (Ciudad Universitaria), Валдезарза (Valdezarza), Валдемарин (Valdemarín), Ел Планто (El Plantío), Аравака (Aravaca).