Целе () — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот важи како јужна порта на Линебуршкото Поле и поседува стар град со повеќе од 400 куќи во фахверк, како и замок во ренесанса и барок. Изграден е на бреговите на реката Алер, притока на Везер.
Од 1378 до 1705 година бил официјална резиденција на Линебуршката гранка на војводите на Брауншвајг-Линебург, кои биле протерани од нивното првично седиште од тамошните жители.Michelin et Cie (1993). Michelin Tourist Guide Germany (1st ed.) Clermont-Ferrand: Michelin. .
Географија
мини|220п|лево|Стариот град на Целе
Целе се наоѓа во долината на Алер, притока на реката Везер. Од главниот град на Долна Саксонија, Хановер, е оддалечен околу 40 километри на југозапад, од градот Брауншвајг околу 65 километри југоисточно и од градот Хамбург околу 120 километри на север. Целе претставува втор најголем град по Линебург помеѓу Хановер и Хамбург.
Површината на градското подрачје изнесува 176,05 км². Во рамки на градот, во реката Алер на исток се влева реката Лахте, а на запад реката Фузе.
Соседни општини
Следниве општини се граничат со градот Целе. Почнувајќи од север на десно, сите припаѓаат на округот Целе: градот Берген, Ешеде, Беденбостел и Лахендорф (обете во општинската заедница Лахендорф), Винхаузен (општинска заедница Флотведел), Нинхаген и Аделхајдсдорф (обете во општинската заедница Ватлинген), Хамбирен и Винзен.
Градски единици
Градот е поделен на следниве градски делови: (податоци од 31 декември 2016 г.)
Градски дел Жители Површинаво км² Жителипо км² Алтенцеле 4.804 24,280 198 Алтенхаген 856 7,102 121 Блумлаге/Алтштат 8.374 4,011 2.088 Бостел 602 5,359 112 Боје 841 8,449 100 Гарсен 2.725 32,891 83 Грос Хелен 2.846 14,950 190 Хелентор 7.746 3,530 2.194 Хуштет 558 14,198 39 Клајн Хелен 5.795 4,997 1.160 Лахтехаузен 642 7,461 86 Нојенхојзен 7.951 2,970 2.677 Нојштат/Хезе 10.728 10,216 1.050 Шојен 1.047 13,093 80 Форверк 3.185 3,894 818 Вештерцеле 6.936 7,967 871 Виценбрух 4.837 10,671 453 Вкупно 70.473 176,045 400
Клима
Годишниот просек на врнежи изнесува 692 mm, што претставува пониско од просекот на Германија. Најсув месец е февруари, додека најмногу врнежи паѓаат во август.
Годишната просечна температура изнесува 8,9 °C. Најтопли месеци се јули со просечни 17,5 °C и август со 17,1 °C, додека најладни се јануари со 0,6 °C и февруари со 1,1 °C.
Историја Среден век
мини|300п|десно|Остатоци од градските ѕидини од 1530 година на една куќа
Целе бил првпат споменат во документ од 985 година како Келу (KelluAdolf Bach: Deutsche Namenkunde. Band II, 1: Die deutschen Ortsnamen. Heidelberg 1953, p. 36; што означува „населба на река“Heinrich Wesche: Unsere niedersächsischen Ortsnamen. o. O. 1957, S. 38). Му било дозволено да кова сопствени монети во текот на век и неколку монети биле пронајдени во Сандур на Фарските Острови. Во 1292 година, војводата Отон II од Брауншвајг-Линебург (1277–1330), кој го водел Кнежевството Линебург од 1277 до 1330 година го напуштил Алтенцеле, каде имале ѕидини во облик на прстен од век и основале правоаголна населба до постоечкиот замок (Burg), 4 километри на северозапад. Во 1301 година му ги доделил градските права на Целе,Heinrich Gottfried Gengler: Regesten und Urkunden zur Verfassungs- und Rechtsgeschichte der deutschen Städte im Mittelalter, Erlangen 1863, S. 479–482; поврзано S. 982–983. а во 1308 година ја започнале изградбата на градската црква.
Во 1378 година, Целе станал резиденција на војводите на Саксо-Витенберг, а во 1433 година принцовите на Линебург ја пренеле резиденцијата во замокот (Schloss). Војводскиот замок бил сместен на триаголник помеѓу Алер и нејзината притока, Фузе. Ендек кој ги поврзувал реките бил изграден во 1433 година, претворајќи го градското јадро во остров. Во 1452 година, Фридрих Пиј од Линебург го основал францисканскиот манастир. Во 1464 година, монополот за жито поттикнал стопанско чудо за градот.
Ран нов период
Во 1524 година била воведена реформарцијата во градот. Во 1570 година, војводата Вилхелм Помладиот изградил капела во замокот, која била осветена во 1585 година. Од 1665 до 1705 година, Целе доживеал културно издигнување како резиденција на војводата Георг Вилхелм. Ова особено било засилено поради неговата француска сопруга, Елеонор д’Олбрес, која ги донела сонародниците хугенотските христијански и италијански архитекти во Целе. Во тоа време биле поставени француски и италијански градини и бил изграден театарот во замокот.
Во 1705 година починал последниот војвода на Брауншвајг-Линебург и Целе, заедно со Кнежевството Линебург, поради што градот преминал на хановерската линија на Велфската династија. Како надомест за губењето на статусот на војводска резиденција, во градот биле основани бројни административни установи, како што бил Високиот апелациски суд (Oberappellationsgericht), затворот и Државното ергеле. Со тоа градот се развил во административно и судско средиште. И денес, во градот е сместен Покраинскиот социјален суд за Долна Саксонија и Бремен и Високиот покраински суд, еден од трите во покраината. Исто така, во Целе уште се наоѓа затворот (Justizvollzugsanstalt Celle). Во минатото, граѓаните на Целе имаат одбрано да имаат затвор во градот наместо универзитет.
Во август 1714 година, Георг, војвода на Брауншвајг-Линебург (крал Џорџ I) го наследил британскиот престол. Оттогаш до 1866 година, кога градот станал пруски при Австриско-пруската војна како дел од покраината Хановер, Целе бил во посед на британската хановерска линија.
Во 1786 година, Албрехт Тер го основал првиот германски земјоделски институт во ливадите на Дамаш (денешни градини Тер).
Нов период
мини|300п|десно|Старото Градско собрание во везеров ренесансен стил (1579)
Во 1842 година биле изградени касарните „Кембриџ-Драгонер“ (Cambridge-Dragoner-Kaserne) за истоимената единица именувана по хановерскиот војвода Адолф Фридрих. Откако биле проширени во 1913 година и делумно обновено по пожар во 1936 година, биле преименувани во „Гудвуд“ (Goodwood Barracks) во 1945 година, а од 1976 до 1996 година биле седиште на бригадата 33 на германската војска. Во 1989 година повторно биле преименувани во касарни „Кембриџ-Драгонер“. Од 1996 година биле користени како младински центар, еден од најголемите во покраината Долна Саксонија.
Од 1869 до 1872 година биле изградени касарни за 77. бригада, по која била именувана и главната улица, која поминувале пред касарните. Во 1938 година биле преименувани како касарни „Хајде“ (Heidekaserne). По Втората светска војна, касарните биле користени од британската војска до 1993 година. Во нив била сместена Кралската артилериска бригада повеќе од 25 години, а потоа кратко биле сместени и 14. сигнална бригада, која била преместена од Шојен додека касарните не биле вратени на локалните власти. Денес, Новото Градско собрание (Neue Rathaus) и градските власти се сместени во обновената тулна градба. На остатокот биле изградени станбени згради и градски парк.
Во 1892 година - со помошта на бројни донации од граѓани - бил основан денешниот музеј „Боман“ (Bomann Museum) со своите важни фолклорни збирки и збирката за градската историја. Во 1913 година била изградена камбанаријата на градската црква во висина од 74 метри, која била обновена во 2008 година. Локалната фабрика за сапун во 1932 година се споила со таа во Пајне. Овој концерн се проширила во текот на нацизмот. Подружница основана во 1936 година работела за војската во повеќе германски градови. Нејзин производ била свилата за падобрани потребна на Вермахтот.Hubertus Feußner, Die Spinnhütte, = Apoldaer Heimat. Beiträge zur Natur und Heimatgeschichte der Stadt Apolda und ihrer Umgebung 2008, S. 29ff.
Во септември 1929 година, Рудолф Карштат го отворил трговскиот центар Карштат во центарот на Целе, чија фасада била идентична со онаа на Херманплац во Берлин. Истиот бил срушен во 1960-тите години и заменет со контроверзна нова градба, чија алуминиумска фасада требало да ги претставува фахверк-куќите во Целе.
Нацистичко време
мини|300п|десно|Споменикот во Целе за жртвите во масакрот во Целе
Во текот на Кристалната ноќ, антиеврејскиот погром во Нацистичка Германија ноќта на 9 ноември 1938 година, синагогата во Целе била единствено спасена од целосно уништување, бидејќи била ризик за блиската фабрика за кожа и другите делови од историскиот Алтштат.
На 1 април 1939 година, Алтенхојзен, Клајн Хелен, Нојенхојзен, Форверк и Виценбрух биле припоени кон Целе. На 8 април 1945 година се случиле единствените сериозни сојузнички напади на градот во текот на Втората светска војна. Само 2,2% од градот бил уништен, особено индустрискиот дел и станицата за товарниот железнички сообраќај. Воз, во кој биле пренесувани 4.000 затвореници до соседниот концентрациски камп Берген-Белзен бил погоден. Во нападот загинале стотина, но некои од затворениците успеале да избегаат во блиската шума. Подоцна, војниците од одредите СС и граѓаните на Целе тргнале во т.н. „лов на зајаци“ (Celler Hasenjagd). Во „ловот“ биле убиени стотина и траел до 10 април 1945 година и претставува најтемниот дел од историјата на Целе."Shifting Memories. The Nazi Past in the New Germany" K. Neumann. University of Michigan Press, 2000 Точниот број на жртвите не бил утврден. Неколку од виновниците подоцна биле обвинети за овој воен злостор.
Градот бил поштеден од понатамошно уништување откако се предал без борба со напредувањето на сојузничките трупи на 12 април 1945 година, така што историскиот дел од градот и замокот ја преживеале војната нечепнати.
Војска
Во текот на Третиот Рајх, Целе бил важен гарнизонски центар. Делови на 17. и на 73. пешадиски полк и на 19. артилериски полк биле сместени во градот. Целе бил исто така седиште на окружната воена команда и на воената документациска служба.
Германската војска ги користела касарните во Шојен и касарните Кембриџ во градот за седиште на 33. вооружена бригада до 1990-тите години. Воздушната база Целе (касарни Имелман) во округот Виценбрух, денес се користи како седиште на тренинг-центарот на војската, а касарните Кембриџ станале младински културен центар.
Касарните на британската војска биле предадени на германските власти на 5 ноември 2012 година. По повторното обединување на Германија, градот ја изгубил улогата на важен гарнизонски град.
Повоено време
По војната, Целе се пријавил, заедно со Бон и Франкфурт на Мајна, да стане седиште на парламентарниот совет (Parlamentarischer Rat), непосредно повоено владино тело во Германија, подоцна заменето од западногерманскиот Бундестаг. На крај, советот му припаднал на Бон.
На 1 јануари 1973 година, Целе го загубил статусот на слободен град (Kreisfreie Stadt) и станал најголема општина во новиот истоимен округ. Исто така, станал најголем град во административниот округ (Regierungsbezirk) Линебург. Истовремено, местата Умерн, Полхефен и Ханенхорн биле припоени во округот Гифхорн. Оттогаш, општината Хоне имала шест села (Хоне, Хелмеркамп, Шпехтсхорн, Умерн, Полхефен и Ханенхорн) во два окрузи. Градот Целе, исто така, припоил голем број на села од околината.
На 25 јули 1978 година бил извршен бомбашки напад на надворешниот ѕид на затворот. Првично била обвинета франкцијата на црвената армија, но подоцна било откриено дека било дел на тајната служба на Долна Саксонија.
Во 2004 година, округот Линебург бил распуштен заедно со другите административни окрузи во Долна Саксонија. Целе, моментално, е 12. најголем град во Долна Саксонија.
Припојување на општини
1 април 1939 г.: Алтенхојзен, Клајн Хелен, Нојенхојзен, Форверк и Виценбрух 1 јануари 1973 г.: Алтенцеле, Алтенхаген, Алферн, Бостел, Боје, Бург, Гарсен, Грос Хелен, Хуштет, Лахтехаузен, Шојен и Вестерцеле.
Раст на населението