Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Црничани. Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која се прикажани Богородица Марија и Исус Христос. Објектот е изграден е од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига во продолжение на помошниот објект. Нејзиниот влез се наоѓа на јужната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Камбанаријата и помошниот објект, слично како и црквата, се изградени од камен.
Галерија
Поврзано Црничани Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Добрушевско-дедебалска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Црничани (Битолско) Црничани