Торинска катедрала ( или Катедрала „Св. Јован Крстител“ () — католичка катедрала во Торино, северна Италија и седиште на Торинската архиепископија..

Храмот е посветен на Свети Јован Крстител и изграден во 1491–98 г. веднаш до постарата камбанаријата од 1470 г. Кон градбата подоцна е придодадена и Капела на Светиот Плашт во која се чува истоименото Торинско платно; оваа изградена Гварино Гварини во 1668–94 г.

Историја

Лангобардска црква Црквата е изградена врз темелите на некогашниот театар од римско време. Првично имало три храма, и тоа едниот на „Св. Спас“, другиот „Пресв. Богородица Домпненска“ и третиот и најважен — „Св. Јован Крстител“. Според некои извори, третоспоменатиот е осветен од Агилулф, лангобардски крал на северна Италија од 591 до 613 г.Giuseppe Colli. Storia di Torino, il Punto, Turin, 2002 Во оваа црква во 662 г. е убиен торинскиот војвода Гарибалд во освета на неговата вмешаност во убиството на кралот Годеперт.

Нова катедрала Овие три цркви се урнати во 1490-92 г. и на нивно место во 1491 г. е отпочната нова катедрала посветена на Јован Крстител. Храмот е изграден по проект на Амедео де Франческо ди Сетињано (наречен и Мео дел Каприно), кој го завршил за седум години. Единствената останата градба од стариот комплекс била камбанаријата изградена во 1469 г. која стои и денес. Во 1515 г. папата Лав X официјално ја прогласил катедралата за митрополија. Подоцна, во XVII век се извршени извесни измени под водство на Филипо Јувара.

Проширување Зафатот за проширување на катедралата имал за цел да го вдоми Торинското платно во подостојна просторија. Отпочнат е во 1649 г. со доаѓањето на Бернардино Квадри од Рим за да служи на дворот на савојскиот војвода Карло Емануил II. Во својот нацрт, Квадри се надоврзал на претходната замисла на Карло ди Кастеламонте, со овална капела зад певницата. Во 1667 г. Гварино Гварини е поканет да го доврши зафатот. Куполата, се градела цели 28 години поради одложувања, за на крај да биде завршена во 1694 г. под надзор на Марија Јована Савојска, вдовицата на Карло Емануил II.

Погребани во катедралата Блажен Пјер Џорџо Фрасати (1901 – 1925) — торински духовен општественик, истакнат спортист и добротвор на сиромавите, наречен „светец на младината на III милениум“. Прогласен е за блажен од папата Јован Павле II во 1990 г. Џани Ањели (1921 - 2003) — стопанственик, еден од сопствениците на автомобилското претпријатие „Фиат“ Лучана Фрасати Гавроњска (1902 - 2007) — писателка и духовен општественик Андреја Пининфарина (1957 - 2008) — инженер, раководител на каросеристичкото претпријатие „Пининфарина“

Галерија

Поврзано Торинско платно

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Торинската катедрала Црква „Св. Јован Крстител“ (Торино) — Црковни добра Седиште на Торинската архиепископија — портал

Катедрала Категорија:Катедрали во Италија Категорија:Храмови посветени на Свети Јован Крстител Категорија:Појавено во 1498 година