22 Лебед – двојна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Видлива е со голо око како бледа, синобела ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,95. Врз основа на годишното поместување од се проценува дека растојанието до него е околу 1.070 светлосни години. Се приближува кон Земјата со околусончева радијална брзина од −15 км/с.

22 Лебед е едностепена спектроскопска двојна ѕвезда со орбитален период од 78,2 дена и занесување од отприлика 0,17. Видливата составница се класифицира како B5 IV што одговара на B-тип подџиновска ѕвезда. Стара е 37 милиони години со ѕвездено вртење од 30 км/с и има основна сончева металичност, во маргините на грешка. Ѕвездата има маса осум пати поголема од Сончевата маса и околу 5,6 пати поголем полупречник од Сончевиот полупречник. Зрачи 7.305 пати повеќе од Сончевата сјајност од нејзината фотосфера на делотворна температура од 15.200 K.

Наводи

Категорија:Бело-сини подџинови Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 22 188892 098068 7613