71 Лебед — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, на растојание од 212 светлосни години од Сонцето. 71 Лебед е Флемстидовата ознака; а пак Бајеровата ознака е g Cygni. Може да се види со човековото око како, портокалова ѕвезда со привидна величина од 5,22. Ѕвездата се приближува кон Земјата со околусончева радијална брзина од −21.5 км/с.

Со проценета старост од една милијарда години, станува збор за развиена џиновска ѕвезда од спектрален тип K0− III, што пак значи дека оваа ѕвезда го согорелаводородот во јадрото и со тоа нараснала. Станува збор за црвеногрутчест џин, што пак укажува дека ѕвездата е на хоризонталната гранка на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм и создава енергија преку хелиумово соединување во јадрото. Оваа ѕвезда е двојно поголема маса од онаа на Сонцето и со полупречник 8 пати поголем од Сончевиот. Нејзината сјајност е 45 пати поголема од сјајноста на Сонцето од нараснатата фотосфера при делотворна температура од 4.983 K.

Наводи

Категорија:Портокалови џинови Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, g Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 71 204771 106093 8228