Малниц (, од слов. Малиница) — општина во округот Шпитал на Драва од сојузната покраина Корушка, Австрија.

Географија мини|десно|250п|Сретселото на Малниц. Сместен е во висодолината на венецот Високи Таури кој се протега на југ до Оберфелах (Горна Бела) долж реката Мел и ја двои Анкогелската Група на исток од Голдбершката на запад. На север е главниот алпски срт кој ја исцртува границата помеѓу покраините Корушка и Салцбург. Кај Малниц е и јужниот влез на железничкиот Таурски тунел.

Општината Малниц се состои од две села: Малниц и Дезен. Северните делови влегуваат на територијата на Националниот парк Високи Таури.

Историја Веќе во бронзено време во околината на Малниц постоел трговски пат за мазги кој минувал низ планинските превои до Гаштајнската Долина на север. Познато е дека околу 400 г. п.н.е. низ областа минувале Келтите. На почетокот на I век подрачјето било припоено кон римската провинција Норик (15 г. п.н.е.), а патеките биле преуредени во римски пат. Веројатно првата населба долж патот се појавила со доселувањето на Словените во Источните Алпи од VII век, но месноста Малиница се споменува дури во 1299 г. На оваа територија биле поседите на замокот Фалкенштајн во владение на грофовите на Горица со седиште во Лиенц.

Во средновековието, Малниц имал стратешко значење како испостава на трговскиот пат за Салцбург, особено при превозот на сол и злато ископани од Високите Таури. Денешната општина настанала во 1895 г. со одвојување на територија од Оберфелах. Месното стопанство доживеало подем со изградбата на Таурскиот тунел (1901-1907) и пуштањето на Таурската железница во 1909 г. Од 1920 г. низ тунелот почнал да сообраќа и товарен воз за автомобили до станицата Малниц–Оберфелах.

Збратимени градови Малниц е збратимен со следново место: Витен, Германија, од 1979 г.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Малниц Планинарско село Малниц 20618 - Малниц — податоци за општината, Статистика Австрија

Категорија:Општини во Корушка Категорија:Шпитал на Драва (округ) Категорија:Појавено во 1299 година