Хипокалемија е ниско ниво на калиум (K+) во крвниот серум. Умерено ниски нивоа на калиум вообичаено не предизвикуваат симптоми. Симптомите може да вклучуваат чувство на замор, грчеви во нозете, слабост и констипација. Ниското ниво на калиум исто така го зголемува ризикот од абнормален срцев ритам, кој често е премногу бавен и може да предизвика кардијален застој.

Причини за хипокалемија се повраќање, дијареја, лекови како фуросемид и стероиди, дијализа, дијабетес инсипидус, хипералдостеронизам, хипомагнеземија, и недоволен внес со исхраната. Нормалните нивоа на калиум се движат помеѓу 3,5 и 5,0 mmol/L (3,5 и 5,0 mEq/L), додека нивоа под 3.5 mmol/L се дефинираат како хипокалемија. Состојбата се класифицира како сериозна кога нивоата на калиум се пониски од 2,5 mmol/L. Ниско ниво на калиум може да биде суспектно врз основа на електрокардиограм (ЕКГ).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Нефрологија Категорија:Калиум Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ