Поџо а Кајано (итал. Poggio a Caiano) — град во провинцијата Прато во регинот Тоскана, Италија. Градот се наоѓа 9 км јужно од привинцијалното седиште Прато. thumb|220px|left|Вила Медичи, Поџо а кајано Во оваа месност Лоренцо де Медичи ја нарачал изградбата на Вила Медичи од архитектот Џулијано да Сангало во 1485. Денес вилата е отворена за посетители од јавноста. Главни атракции на вилата се Понтормовите фрески во главниот салон кои ги отсликуваат Вертумно и Помона. Внатрешноста е главно празна и оригиналниот мебел недостасува. Денес формалните градини се во донекаде подивена состојба.

Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Тоскана