мини|десно|Ботом во 1947 г. Ботом (), изворно: Боте () — главно и најголемо населено место на островот Саба,The villages of Saba (Saba Tourist Bureau) во Карипска Холандија. Во 2001 г. гратчето имало 462 жителиWorld Gazetter: The Bottom или околу една четвртина од населението на островот. Се претпоставува дека во 2012 г. овој број се накачил на 537 трајни жители.

Историја Населбата е основана во 1632 г од доселеници од холандскиот крај Зеланд, кои ја нарекле „Боте“ (De Botte), што на тогашен холандски значи „вангла“, поради котлинскиот карактер на местото, обиколено со планини. Денешното англиско име The Bottom е звучно прилагодено од изворното холандско.

Географија Боттом е сместен во југозападниот дел на островот, во подножјето на вулканската планина Маунт Синери, која со своите 877 м е највисокото место во Кралство Холандија. На 2 км на запад од Ботом се наоѓа единствената плажа на островот, во заливот Велс. На 1,5 км источно од гратчето е пристаништето на островот.

Установи Гратчето има управни служби, болница, старечки дом, спортско игралиште, три цркви, библиотека, разни продавници и медицински факултет.

Настани Во Ботом има разни настани во текот на годината. Лете се одржува неколкудневен карневал наречен „Карневал на Саба“, чии шаренолики поворки се придружени од музика со челични тапани и настапи на месни изведувачи.

Друг поважен настан е Денот на Саба кога се затворени сите јавни установи и дуќани, а низ улиците има паради и други активности. На спортското игралиште се одржува концерт на кој настапуваат домашни музичари и групи од пошироките Кариби. За возрасните се приредува натпревар во риболов, а децата учествуваат во конкурс за најдобар цртеж.

Поврзано Маунт Синери Саба

Наводи

Надворешни врски

Ботом на туристичкиот портал на Саба Ботом — Голема руска енциклопедија

Категорија:Населени места на Саба Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Појавено во 1632 година