Источна Прусија () — покраина во поранешната германска држава Прусија. Во 1937 година покривала површина од 36 993,9 км2 и броела преку два милиони, претежно германски жители.
Главен град на Источна Прусија е Кенигсберг, денешен Калининград, со околу 372.000 германски жители (1939) одн. денешни 425.000 Руси. Источна Прусија до 1945 година била северoисточен крај на Германија, низ одлуките на Сојузниците во Втората светска војна покраината е поделена помеѓу Полска и Советскиот Сојуз. Германските жители тогаш биле иселени, а населена била со луѓе од Советскиот Сојуз и протераните Полјаци и Украинци од областите кои по 1945 година припаднале на Советскиот Сојуз. Денес покраината е поделена меѓу Калиниградската Oбласт која припаѓа на Русија и делови од Вармиско-мазурското Војводство во Полска.
Поврзано Западна Прусија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Покраини во Прусија Категорија:Кралство Прусија Категорија:Региони во Европа Категорија:Историски области Категорија:Држави и територии настанати во 1773 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1945 година Категорија:Ексклави Категорија:Поделби на земји