Коприва (науч. Urtica) е род на цветни растенија од семејството коприви, Urticaceae. Многу видови имаат бодливи влакна и може да се нарекуваат коприви, иако последното име се однесува особено на Urtica dioica.
Видовите Urtica се храна за гасеници на бројни пеперуги и молци.
Во Македонија од овој род растат три вида, и тоа: Urtica dioica, Urtica urens и Urtica pilulifera.
Опис Овие видови растат како едногодишни или повеќегодишни тревни растенија, ретко како грмушки. Тие можат да достигнат, во зависност од видот, локацијата и состојбата на хранливата почва, висина од 10 - 300 сантиметри. Повеќегодишните видови имаат подземни ризоми. Зелените делови се влакнести. Нивните стебла се често четириаголни.
Во 1874 година, за време на престојот во јужна Франција, францускиот ботаничар Чарлс Наудин открил дека силните ветрови во текот на 24 часа ги правеле боцкавите влакна на копривата безопасни за цела една недела.Fabricio Cardenas, Vieux papiers des Pyrénées-Orientales, Orties inoffensives à Collioure en 1874, 7 May 2015.
Видови Голем број на видови вклучени во родот во постарата литература сега се препознаваат како синоними на Urtica dioica. Некои од овие таксони сè уште се признати како подвидови.
Екологија Поради боцкавите влакна, видовите Уртика ретко ги јадат тревопасните животни, туку повеќе служат како засолниште за инсекти, како што селисна вошка, ларви од пеперуги и молци.
Употреба Ткаенина направена од коприва била пронајдена на местата за погребување кои датираат од бронзеното време. Се користела за облека, мрежи за риболов и хартија од неразвиените заедници. Во Нов Зеланд, U. ferox е класифициран меѓу отровните растенија, најчесто при контакт со кожа.
Копривата традиционално се користи како состојка во супи, омлети, баница, пире и други јадења. Во Мазендаран, северен Иран, се прави супа (аш) со употреба на ова растение. Копривата се користи и за чај, сок и вид на пиво (ел), како и да се зачува сирењето.
Копривата како тема во уметноста „Коприва“ - песна на полскиот поет Јежи Харасимович.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 233-234.
Наводи
Категорија:Јадливи растенија Категорија:Лиснат зеленчук Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија