Филипсбург () — главно гратче на холандската територија Свети Мартин на истоимениот остров во Карибите. Сместен е на теснец помеѓу Големиот Залив и Големата Солена Бара навнатре во островот. Претставува важен трговски средиште за целиот остров, чија јужна половина е холандска. Во 2011 г. гратчето броело 1.327 жители.
Историја Гратчето е основано во 1763 г. од шкотскиот капетан Џон Филипс кој бил во служба на Холандија и набргу стекнало на важност во меѓународната трговија. Има две тврдини кои сведочат за неговата стратешка важност во минатото, наречени Амстердам и Вилем.
Клима Островот има тропска саванска клима (класа Aw), и е посув од другите краишта на североисточните Кариби поради дождовната сенка која ја фрлаат планините, притоа сушејќи ги североисточните пасати. Најсув е периодот од јануари до јули, а највеќе врнежи има од септември до ноември, кога честопати настапуваат ураганите во регионот.
Туризам мини|десно|250п|Пазарот во Филипсбург. Главна трговска улица е Фронт Стрит (во прев. „Предна Улица“) во самиот центар на градот, која има доста продавници. Пристаништето редовно го посетуваат голем број патнички крстосувачи, меѓу кои и најголемите и најпознатите.
Сообраќај
Воздухопловство мини|десно|Авион на превозникот „Корсер“. Заадно од Филипсбург е сместен Меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ (IATA: SXM, ICAO: TNCM), кој важи за своевидна знаменитост поради полетувањата и слетувањата во физички ограничен простор. Особено популарен е млазниот истисок на авионите при полет, кој предизвикува бранови и ги воодушевува посетителите, иако ова може да биде опасно доколку луѓето не се придржуваат до безбедносните напатствија.
Образование Во гратчето има неколку училишта:"Список на училишта — Управа на Свети Мартин. „Орање“ — државно основно училиште „Сестра Борџа“ — полудржавно основно училиште „Свети Јосиф“ — полудржавно основно училиште „Песочен часовник“ — полудржавно средно училиште
Покрај училиштата, Филипсбург има и јавна библиотека наречена „Јубилејна библиотека на Филипсбург“.Контакт . Јубилејна библиотека на Филипсбург.
Наводи
Надворешни врски
Јубилејна библиотека на Филипсбург — Јавна библиотека на Свети Мартин Филипсбург — Голема руска енциклопедија Филипсбург на Фејсбук
Категорија:Свети Мартин (Холандија) Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Појавено во 1763 година Категорија:Населени места основани во 1763 година