Георг Тракл (), (роден на , во – починат на , во ) — еден од најистакнатите австриски поети - експресионисти.
Животопис
Тракл е роден во Салцбург, каде што и ги поминал првите 18 години од животот. Учел во католичко основно училиште (иако неговите родители биле протестанти). Во гимназијата во Салцбург студирал латински, старогрчки, математика, а на 17-годишна возраст започнал да пишува поезија.
Во 1908 година, Тракл се преселил во Виена за да студира фармакологија, посветувајќи поголемо внимание на поезијата. Откако го завршил универзитетот, Тракл се запишал во армијата. После една година, тој се вратил во Салцбург, работејќи во аптека, но набргу бил ангажиран како воен фармацевт во гарнизонската болница во Инсбрук.
Со избувнувањето на Првата светска војна, Тракл бил мобилизиран во австроунгарската војска, служел во теренската болница во Галиција. Како фармацевт и лекар, постојано бил ангажиран околу ранетите, во овој период и во овие околности, заболел од депресија, а нешто малку подоцна се обидел да се самоубие поради што бил пренесен во Краков и хоспитализиран. На 3 ноември 1914 година, Тракл се самоубил во болничкото одделение земајќи смртоносна доза кокаинGeorg Trakl.
Творештво Поетското наследство на Тракл е мало по обем, но со исклучително значење и влијание врз развојот на поезијата на германски јазик и поетското творештво, воопшто во светски рамки. Неговиот однос кон животот е трагичен, а изразот во поезијата му е преку симболи, сложени слики, емотивно богатство, силна ритмика, снажен израз. Еден е од основоположниците на современата светска литература од почетокот на дваесеттиот век. Иако некои се обидуваат неговиот израз и стил да го поистоветат со експресионизмот, сепак, се работи за автентично, субјективно, оригинално творечко изразување кое тешко може да биде потполно дефинирано и ставено во одредени познати концепти.
Теми и мотиви Во раните свои песни Тракл, се изразувал со филозофски јазик, херметички, без голема заинтересираност за реалниот свет. Тоа биле песни посветени на вечерните часови или главен мотив им била ноќта. Подоцнежните се своевидни поеми посветени на тишината, смртта, молчењето на оние што починале. Есента, синилото, затемнетите ентериери, густината на доживувањата и на густата атмосфера во која бавно се движи времето на смрттаGeorg Trakl: A Visionary Poet in Europe.
Библиографија Песни, 1913 година Сонувањата на Себастијан или Светата ноќ, 1915 година Есента на осамениот, 1920 година Песната на починатиот, 1933 годинаGeorg Trakl Poems.
Надворешни врски
Georg Trakl (1887 – 1914) Georg Trakl (1887–1914) Grodek (1913) Georg Trakl Index of all literary texts of Georg Trakl
Наводи
Категорија:Австриски поети Категорија:Австриски писатели Категорија:Експресионистички поети Категорија:Модернистички поети