мини|Филмски постер од Томаш Војчик, 2017 година Санаториум под клепсидра (полски: Sanatorium pod klepsydra) - полски филм од 1973 година, во режија на Војќех Хас (Wojciech J. Has), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Јан Новицки (Jan Nowicki), Тадеуш Кондрат (Tadeusz Kondrat), Мјечеслав Војт (Mieczysław Voit), Халина Ковалска (Halina Kowalska), Густав Холубек (Gustaw Holoubek), Ирена Орска, Божена Адамек и Јанина Соколовска.IMDb, The Hourglass Sanatorium (1973) (пристапено на 19.9.2020) Филмот е снимен според истоимената збирка раскази на Бруно Шулц. Во 1973 година, полската власт му забранила на Хас да учествува со филмот на Канскиот фестивал, но тој успеал да го прошверцува, па така филмот бил прикажан на фестивалот. Притоа, филмот бил награден од жири-комисијата, предводена од Ингрид Бергман, а Хас бил номиниран за „Златната палма“.HRT, Sanatorium pod klepsydra, poljski film (пристапено на 10.9.2019) IMDb, The Hourglass Sanatorium (1973)Awards (пристапено на 19.9.2020)

Синопсис Во филмот се прикажуваат случките на Евреинот Јузеф (го игра Новицки), кој го посетува таткото Јакуб (го игра Кондрат) во тајниот санаториум во кој времето не тече нормално. Кога пристигнува во разурнатата болница, Јузеф ги среќава само д-р Готард (го игра Холубек) и медицинската сестра (ја игра Соколовска). Тогаш, Јузеф започнува необично патување низ времето, враќајќи се во детството, иако секогаш е прикажан како возрасен човек. Притоа, тој е сведок на разни сцени поврзани со трговската дејност на татко му, средбите со мајка му (ја игра Орска), девојката за која фантазирал во младоста, а постанува и командант на восочни фигури.

Наводи

Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови од 1973 година Категорија:Филмови на Војќех Хас Категорија:Филмови со Јан Новицки Категорија:Филмови со Тадеуш Кондрат Категорија:Филмови со Мјечеслав Војт Категорија:Филмови со Халина Ковалска Категорија:Филмови со Густав Холубек Категорија:Филмови со Ирена Орска Категорија:Филмови со Божена Адамек Категорија:Филмови со Јанина Соколовска Категорија:Филмови засновани на книги