Хајан Селмани - Кајче (Велебрдо, 5 ноември 1985 - Скопје, 17 септември 2019) — македонски претприемач и стопанственик.

Животопис Хајан Селмани е роден во долнореканското село Велебрдо на 5 ноември 1985 година. Високо образование стекнал од областа на информатиката на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што дипломирал во 2008 и магистрирал во 2010 година. Во 2011 година бил одликуван со признанието Мајкрософт МВП.„Hajan Selmani“. Microsoft MVP. Во март 2013 година го основал претпријатието за изработка и инженерство на програмска опрема Хаселт.„ИТ индекс: HASELT – компанијата иноватор на технологии кои спојуваат и повеќе од само софтверски решенија “. IТ.mk.

Селмани бил и познат мотивациски говорник со бројни предавања одржани на теми поврзани со претприемништво, технологија, водство и мотивација.„Почина Хајан Селмани, еден од најуспешните македонски претприемачи “. Фокус. 17 септември 2019.

Починал ненадејно во Скопје на 17 септември 2019 година.

Чествување Во октомври 2019 година, во негова чест било преименувано основното училиште во селото Ростуше со подрачни училишта во околните села Требиште, Велебрдо и Јанче.„ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ преименувано во ОУ „Хајан Селмани““. Сител. 26 октомври 2019.

Наводи

Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Македонски стопанственици