Иван Микулчиќ (; , – , ) — македонски археолог од хрватска народност.
Животопис
Тој бил редовен професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград, на одделението за археологија во 1958 година. Докторирал на истиот факултет во 1965 година. Работел во музеите во Штип, Битола и Скопје, а од 1969 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија. Во 1969 година, тој го добил звањето доцент, потоа вонреден професор (1974) и редовен професор (1979). Се пензионирал во 2000 година. Ги предавал клучните предмети од курикулумот на институтот: Историја на уметноста на старите народи, Класична археологија I и II, Музеологија и конзервација, а бил предавал и на предметот Историја на културата на Интердисциплинарните студии по новинарство на правниот факултет. Покрај тоа, бил раководител на Институтот за историја на уметноста и археологија во тек на 10 години, како и продекан за настава на Филозофскиот факултет. Со негово залагање, била основана насоката Археологија со посебна програма во рамките на наведениот институт, а организатор е и на последипломските студии по Археологија, кои произвеле речиси стотина магистри по археолошки науки, до денес. Активните теренски и кабинетски истражувања на археолошкото наследство на територијата на Република Македонија и пошироко на Балканот ги сосредочувал главно на античкиот период, но извонредни истражувачки резултати имал и во проучувањето на предисторијата и на средниот век.
Темата на неговите истражувања во рамките на докторската дисертација била „Античка Пелагонија низ археолошките наоди“. Докторирал во 1965 година, на Филозофскиот факултет во Белград. Раководел заштитни и систематски истражувања на повеќе наоѓалишта (кај Липково, Македонска Каменица, Караорман, Стоби, Скупи, Скопско кале и Чрнче на Водно)Иван Микулчиќ.
Раководел повеќе научноистражувачки проекти поврзани со старите градови и тврдини во регионот на Пелагонија, Повардарје и во Скопско, и собрал богата археолошка документација за наоѓалиштате од раната и од доцната антика и од средновековието.
Тој остварил студиски престои во Германскиот археолошки институт во Франкфурт, во Минхен и во други градови во Германија (1968, 1974, 1978), како и во Атина, каде што бил стипендист на грчката влада. Во 1978 година, ја добил престижната награда „Александар фон Хумболт“. Тој станал член на германската академија за наука и уметности во 2003 година.
Учествувал на голем број научни собири и предавања во земјата и во странство претставувајќи ги исходите на своите истражувања, меѓу кои треба да се издвои - убикацијата на неколку антички градови на територијата на Република Македонија, студиозните анализи на материјалната култура од доцноантичкиот и средновековниот период, урбанистичката конфигурација на раноантичките градови на Балканот, топографијата на Стенае - Просек, Демир Капија, протоисторијата и раната антика во Македонија итн.
Почнувајќи од 1959 година, тој публикувал повеќе од двесте труда, меѓу кои особено се истакнуваат неговите студии за Пелагонија, Скопје и околните тврдини, за античките и средновековните градови во Македонија, Стоби, Хераклеја, градовите долж Брегалница и др.
Избрани трудови Извештај за аископавања халштатске некрополе код Старог Караормана. Зборник на Штипскиот музеј, I, Штип. 1959,97-103 Библиографиј a на професор Иван Микулчиќ. Каталог на наоди од Хераклеја - камена пластика, Х ераклеја I Битола/ 1961, 43-64, Т. 13 (со П. М Ачкиќ). Стоби, Праисторија, каснохеленистички гробови, Археолошки Преглед. 9, Београд 1967,113-114. Trebenište, Enciklopedija likovnih umjetnosti knj. 4, Zagreb 1967, 448 Скопско Кале, Скопје, праисториско насеље и средњевековна тврдина, Археолошки Преглед 9, Београд 1968,48-50, Т. 19 (со Б. Бабиќ). Непознат антички град кај Мојно, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, кн. 22, Скопје 1970, 325-347, Т. 5. Јужна Пелагонија во архајскиот период, истражувања, 8. Конгрес У И С П П, Београд 1971,141-151. Polnočna Macedonia w epochi anticznoj, Zotchlani wiekow, br. 3, 1971, Warszawa 1971/2, 186-189 Антика на почвата на СР Македонија, Материјали од 5. семинар за македонски јазик и култура, Охрид 1973,180-188. Стоби, западна некропола, Студии no старините во Стоби кн. 1, Београд 1973, 61-95. Из историје античког Скопља, Велика археолошка налазишта y Македонији, ед. Коларчев универзитет, Београд 1978 Требениште и македонско-илирска култура; - Пеонија, првата државна формација на нашата почва; - Стоби: градски живот во античка Македонија: -Доцната антика во Македонија: тврдини и цркви. -Емисии на Радио-Скопје. мај-јуни 1078 (III програма, 40 страници) 76. единици: Antika u Makedoniji, и Grad u Makedoniji, во иста енциклопедија, Загреб, 1980. Der Untergang der Palaste in Stobi, Nordmakedonien, Symposium Palaste und Hutten, Berlin, 1979, Mainz 1982, 535-554. Старо Скопје со околните тврдини, Скопје 1982 (1983), 320 стр. и 184 карти, планови. Alt Skopje mit umliegenden Festungen (Monographie). Früchristlicher kirchenbau in der S. R. Makedonien, XXXIII. Corso di cultura sull’arte ravennate e bizantina, Ravenna 1986, 223-251. Доцноантички фортификации во Македонија, Археолош ка карта наМакедонија, МАНУ, Скопје 1994,139-149, и низа схеди во T o m II. (res.: Late classical Fortifications in R. Macedonia). Археолошката карта на P. Македонија, Скопје 1996, T om II : 40 схеди низ целиот каталог и повеќе планови. Средновековни градови и тврдини во Македонија, МАНУ, Скопје 1996, 1-390 (монографија). Compte rendu: Ivo Lukane, Les Imitations des monnaies d’Alexandre le Grand et de Thassos, Wetteren 1996, 1-128, во: Antiquité vivante, an. 46, Skopje 1996, 131- 133 Средновековни градови Просек, Тиквеш, Велес, Кожле, Прилеп и Охрид, документарна серија на ТВ Телма, Скопје 1998, (94 стр. текст). Антички градови во Македонија, МАНУ, Скопје 1999, 1-455 (монографија). (res.: Antike Städte in Makedonien). (Monographie). Spätantike und frühbyzantinische Befestigungen in Nordmakedonien (Städte,vici, Refugien und Kastelle), Münchener Beiträge zur vor- und frühgeschichte, Bd. 54, Bayerische Akademie der Vissenschaften, München 2002,1-511 und 7 Beil, (монографија). Стоби, антички град / Stobi, an ancient city, изд. Магор, Скопје 2003. (на македонски и англиски, монографија). Gradište, Neresi, Skopje, Makedonien, Keltische Niederlassung, Lexikon zur Keltischen Archaeologie T. III, O.A.V. Vien 2005, 856-858. Хераклеја Линкестис, антички град во Македонија / Heraclea Lyncestis, Ancient City in Macedonia, Скопје 2007,1-159 (монограф ија на македонски и англиски јазик) Антички градови на Брегалница / Ancient towns on Bregalnica, изд. Магор, Скопје 2009,1-120 (монограф ија на македонски и на англиски јазик). Големи археолошки откритија, изд. Данте, Охрид 2011'',1-220
Наводи
Надворешни врски Средновековни градови и тврдини во Македонија Средновековни градови во Македонија Стоби: антички град Старо Скопје со околните тврдини СТИБЕРА Tag Archives: иван микулчиќ Антички градови во Македонија / Иван Микулчиќ Античките градови на Брегалница. Ancient Towns on Bregalnica Старо Скопје со околните тврдини Урбанизација у Источној и Југоисточној Европи
Категорија:Македонски Хрвати Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски археолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски Хрвати Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски археолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Српски историчари Категорија:Српски археолози Категорија:Српски универзитетски професори Категорија:Хрвати во Србија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје