Рено Меган () – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено. Се прoизведува од 1995 година.

Историјат Рено Меган е компактно возило, кое било лансирано во 1995 година и моментално е актуелна четвртата генерација од 2016 година. Понудата опфаќа модели со три и пет врати како хечбек, потоа седан, купе, кабриолет и караван. Рено сеник лансиран во 1996 година е првиот модерен компактен едноволуменец (миниван) кој се произведува во Европа, а се заснова токму на Меган.

Меган I (1995–2003)

Првата генерација е претставена есента 1995 година како замена на Рено 19. Меганот бил со нов изглед, а од својот претходник ја наследил платформата како и моторите и менувачите. Клучен фактор за Меганот била безбедноста. Во 1998 година, Меган I на креш тестовите Euro NCAP добил четири од можните пет ѕвездички. Во 1999 година бил редизајниран кога му била изменета маската, подобрена безбедност аи опремата. Верзијата караван доаѓа со ова рестилизирање. Биле вградувани бензински мотори од 1,4 (70, 75 и 95 КС), 1,6 (75, 90 и 110 КС), 1,8 (115 КС), 2,0 (115, 140 и 150 КС) и дизел-мотор од 1,9 (65, 80, 90, 95, 100 и 102 КС).

Меган II (2002–2009)

Втората генерација се појави во септември 2002 година и обележува потполно нов почеток. Со претходната генерација има многу малку сличности. Во 2003 година ја добил титулата Европски автомобил на година. Во 2002 година, Меган II на креш тестовите на Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички. Прво во својата класа вовел картичка преку која се стартува автомобилот. Како и кај претходните Мегани, опсегот на модели е широк, хечбек со три и пет врати, седан верзија со четири врати и караван. Во 2006 година бил редизајниран, кога била променета внатрешноста и предниот дел на возилото. Во понудата на мотори биле бензинците 1,4 (80 и 98 КС), 1,6 (116 КС), 2,0 (136, 165 и 225 КС) и дизел-мотори од 1,5 (80, 86, 100 и 106 КС), 1,9 (120 и 130 КС) и 2,0 (150 и 175 КС)

Меган III (2008–2016)

Третата генерација била претставена во 2008 година. Се појавила во хечбек верзија со пет врати и како купе. Купето имало спортски дизајн, додека хечбекот бил поконзервативен. Во 2008 година на креш тестовите Euro NCAP, Меган III добил максимални пет ѕвездички. Во 2012 година бил редизајниран и добил лед светла и предниот дел бил благо изменет. Бил опремен со бензински мотори од 1,2 (115 КС), 1,4 (130 КС), 1,6 (100 и 110 КС), 2,0 (143, 180, 250 и 265 КС) и дизел-мотори од 1,5 (85, 90, 105 и 110 КС), 1,6 (130 КС), 1,9 (130 КС) и 2,0 (150 и 160 КС).

Во 2014 година бил повторно редизајниран. Најбитните промени биле на предниот дел на возилото кој бил дизајнерски ускладен со новиот Реноов визуелн идентитети. Изменети биле браникот, маската на ладилникот, на кој доминирал голем Реноов знак во средината, како и нови фарови, хауба и нови дневни лед светла. Внатрешноста претрпела минимални измени.

алт=Renault Megane Dynamique|лево|мини|Рено Меган динамик

Меган IV (2016–2021)

Четвртата генерација била претставена на салонот за автомобили во Франкфурт во септември 2015 година.b92.net/automobili

Продажбата почнал во јули 2016 година. Автомобилите од четвртата генерација ја користат платформата CMF-CD која ја развиле Рено и Нисан. Четвртата генерација Меган ги следи најновите иновации во поглед на дизајнот кој денес може да се видат на клио 4, каптур, еспас 5, талисман.

Технички поединости Мегановата четврта генерација е подолга и пониска од своите претходници. Возачот може да бира меѓу пет режими на возење кои го менуваат дотерувањето на автомобилот. Повеќето Меганови модели имаат хед-ап визуализација и седуминчен екран. Сите можни опции кај овие автомобили се адаптер на контролирање на брзината, автоматско кочење, предупредување за излегување од лентата, предупредување за ограничување на брзината, автоматски фарови, задна камера, паркирни сетилници и самопаркирник. Говорејќи за овие автомобили, Реновиот главен дизајнер изјавил: „Рено може да произведе автомобили со латинска кожа и германско срце“. Оваа генерација има достапни девет мотори (4 бензинци и 5 дизелаши), со 89 до 202 коњски сили. лево|мини|220x220пискел|Рено Меган грантур

Меган ГТ Меган ГТ спаѓа во моделите со високи перформанси благодарение на неговиот моќен бензински мотор од 1,6 литри. Стандардно, овој рено има погон на четирите тркала и автоматски менувач со двократна кочница. Исто така има нешто поинаков надворешен и внатрешен дизајн.

лево|мини

Меган седан Рено Меган седан кој на пазарот се појавил во 2016 година потсетува на моделот талисман. Има повеќе простор за патниците на задните седишта од хечбекот. Се продава на африканскиот континент, во ОАРОбединетите Арапски Емирати, на разни пазари во источна Азија и Австралија.

Во Европа овој модел се нуди на италијанскиот, турскиот, полскиот, романскиот и ирскиот пазар, но не и на францускиот и англискиот пазар. Во зависност од самиот пазар, седанот располага со два бензински и три дизел-мотори, со моќност во распон од 90 до 130 коњски сили.

Меган V (2021–)

Наводи

Надворешни врски

Netcarshow: Renault Megane (2014)

Категорија:Автомобили Категорија:Автомобили рено Категорија:Автомобили од ниска средна класа