КК Академија ФМП е кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.
Историја Клубот бил основан како академија во 2013 година. Во сезоната 2014/15, Академија ФМП пријавила екипа во Третата лига, која завршила на второто место и била унапредена во Втората лига. Следната сезона, сега како второлигаш, Академија ФМП завршил на последното десетто место на табелата со што отпаднал од Втората лига. Но поради пополнување на испразнети места во Втората лига, клубот бил вратен во второлигашкото друштво. Сезоната 2016/17, ФМП завршил на високото трето место. Во сезоната 2017/18, Академија била четврта во Лигата. Сезоната 2018/19 била историска за клубот. Академија го освоила првото место во Втората лига - Исток без пораз и со тоа обезбедила пласман во разигрувањето за Првата лига. Во разигрувањето Академија била поразена во финалето од МЗТ Аеродром (вториот состав), но како вицепрвак влегле во баражот за упредување против последниот прволигаш и го добиле баражот со што се квалификувале во Првата македонска лига.
Моментален состав 2023/24 Извор:Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com +ИграчиЛука ПетровскиДраган АбрашевАндреј ТодевВиктор СтојковскиФилип ЛаковскиАндреј НастовскиДимитар ИвановМихаил СтерјовскиНикола МасевскиПавел ДуевСтефан БожиновскиАндреј ГеоргиевскиМарко ДимовскиМарко СпасовскиАирен БруксОмотао Џордан ОгундиранМатеус Алекс СантанаБлејз Ниелд
Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Кошаркарска федерација на Македонија Кошарка во Македонија
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Академија ФМП Официјално мрежно место на КФМ КК Академија ФМП на eurobasket.com
Категорија:Македонски кошаркарски клубови Категорија:Прва македонска кошаркарска лига