Ристо Николов Андоноски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.

Животопис Ристо Николов Андоноски е роден во 1884 година во селото Требишта во областа Голо Брдо, денес во Албанија. Во Македонската револуционерна организација се приклучил во 1900 година.

Во 1903 година за време на Илинденското востание активно учествувал во битките против турската војска. Дејствувал во четите на браќата Тасе и Дојчин Христови од селото Присовјани. Учествувал во битките кај селата Ташмаруништа и Велмеј. Потоа се префрлил и дејствувал во Дебрца.

Во 1923 од Албанија се преселил во Југославија, каде се населил во селото Лешани во Дебрца.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Дејци на МРО Категорија:Добитници на Илинденска пензија