Градскиот стадион Кавадарци - фудбалски стадион со сместивост од околу 4.000 гледачи. Со него стопанисува Општина Кавадарци, а главен корисник е ФК Тиквеш 1930 Кавадарци.

Историја Стадионот бил започнат со изградба во доцните 40-ти на 20-от век. Првиот натпревар на стадионот бил одигран на 19 март 1950, помеѓу Тиквеш и словенечки Трбовље, како бараж натпревар за влез во Третата југословенска лига. Резултатот завршил со 1:4 за фудбалерите на Трбовље.Каровски, Илија (1996), „ФК Тиквеш 1930-1995“, стр. 33, 163

Стадионот бил прв домаќин на Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година. Тогаш, на 31 мај 1994 година, Македонија ја победила репрезентацијата на Естонија под 21 година со резултат 7:0. Стадионот исто така бил домаќин во финалето во Купот на Македонија 1996/97, помеѓу екипите на Слога Југомагнат и Силекс. Натпреварот гласел 4:1 за Слога Југомагнат.

Во јануари 2020 година, започнало подновувањето на играчкиот терен на стадионот. Во септември истата година била започната целосна реконструкција на источната и јужната трибина.

Наводи

Надворешни врски Градскиот стадион на scoresway.com Macedonian Football Фудбалска федерација на Македонија

Категорија:Спортски зданија во Кавадарци Категорија:Фудбалски стадиони во Македонија Категорија:ФК Тиквеш