Сува игла (, , ) — графичка техника од длабок печат, во која со механичка постапка директно се гравира во метална плоча, карактеристична е по своите раскошни и прецизни линииdrypoint
Историја
Гравирањето со сува игла било познато уште од XV век.
Како самостојна техника се појавила околу 1480 година. Во почетокот, таа служела како првична фаза во изработката на бакрорез. Заради неможноста за изработка на поголем тираж, првите историски отпечатоци се малубројни.
Уметниците најчесто ја користат сувата игла во комбинација со други техники. Такви примери има кај Рембрант (1606—1669), Жак Кало (1592—1635), Франсиско Гоја (1746—1828).
Примери на користење на чиста сува игла се среќаваат во делата на Огист Роден (1840—1917), Џејмс Мек Нил Вистлера (1834—1903) или Жак Вијон (1875—1963)Drypoint Etching Technique.
Метод
Сувата игла е доста привлечна и популарна техника поради својата спонтаност и непосредност. Со оваа техника се постигнува отпечаток со сочна графичка слика со изразити контрасти и раскошни линии.
Графичката постапка е директна, непосредна и економична.
Материјал за изработката на сувата игла - матрицата е од бакар или цинк кои се гравираат со остри челични игли.
Сувата игла кај уметниците изискува суптилност и чувство за режење под различни агли со што се добива и различен интензитет и богатство на линијатаDrypoint is an intaglio printmaking.
Литература Џевад Хозо, Уметноста на мултиоригиналот, Прва книжевна комуна Мостар, 1988. Водич за печатење Интаглио - Сува игла - Жаун Макалум, 2015Intaglio_Drypoint.
Надворешни врски
Cardboard Process glossary
Наводи
Категорија:Ликовна уметност Категорија:Графички техники и технологии Категорија:Графика