Вишеградската група, е културна и политичка алијанса на четири средноевропски државиhttp://www.visegradgroup.eu/about - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, кои се членки на Европската Унија (ЕУ) и НАТО - со цел унапредување на меѓусебната воена, културна, економска и енергетска соработка со понатамошна нивна интеграција во ЕУ.
Групата води потекло од самитот на водачите на Чехословачка, Унгарија и Полска во унгарскиот град Вишеград на 15 февруари 1991. Локацијата била избрана како намерна алузија на средновековниот Вишеградски собир во 1335 помеѓу Јован I од Бохемија, Карло I од Унгарија и Казимир III од Полска.
По распадот на Чехословачка во 1993, Чешка и Словачка станале засебни членки на групата. Сите четири земји-членки на Вишеградската група станале членки на ЕУ на 1 мај 2004.
Наводи
Категорија:Меѓувладини организации Категорија:Надворешни односи на Чешка Категорија:Надворешни односи на Унгарија Категорија:Надворешни односи на Полска Категорија:Надворешни односи на Словачка Категорија:Средна Европа Категорија:Европа во 1991 година