Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) — главно раководно тело во структурата на македонскиот фудбал. Основана е во 1926 година.

Историјат

Првиот фудбалски натпревар во Македонија се одиграл на 20 април 1919 година во Скопје. Тоа бил натпревар помеѓу екипата на Напредак од Скопско и екипата на Англиската армија, кој Прогрес го добил со 2:0. Во спомен на тој настан, по повод прославата на 70-годишнината од почетокот на фудбалот во Македонија во 1979 година, на местото на првото фудбалско игралиште бил подигнат споменик во форма на фудбалска топка.

Раководство За прв претседател на ФФМ бил избран Љубисав Иванов - Ѕинго, кому противкандидати му биле Филип Ѓурчиновски, Милорад Георгиевски, Ванчо Георгиевски и Трајан Бендевски, а во вториот круг останале само Иванов и Бендевски. Потоа, за претседател на ФФМ бил избран Ламбе Арнаудов, кому противкандидат му бил Љубисав Иванов - Ѕинго. На челната позиција на ФФМ, Арнаудов бил заменет од Хари Хаџиристески, кој го победил противкандидатот Дарко Панчев.Атанас Костовски, „Македонскиот фудбал и официјално двојазичен!“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 11.

На 18 февруари 2017 година, на Изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски бил повторно избран за претседател на ФФМ, со 91 глас (едно ливче било неважечко), а истовремено биле избрани и Управниот одбор, Надзорниот одбор и повеќе комисии.„Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 23. На Изборното собрание, Ѓорѓиоски немал противкандидат, откако претходно била елиминирана кандидатурата на Мирсад Јонуз.Атанас Костовски, „Македонскиот фудбал и официјално двојазичен!“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 11.

Поврзано Машка фудбалска репрезентација на Македонија Женска фудбалска репрезентација на Македонија Прва македонска фудбалска лига Втора македонска фудбалска лига Трета македонска фудбалска лига Општински македонски фудбалски лиги (Четврта Лига ОФС Куманово)

Надворешни врски Фудбалска федерација на Македонија Macedonian Football

Наводи

Македонија Категорија:Фудбалот во Македонија Категорија:Спортски федерации во Македонија Категорија:Појавено во 1926 година во Македонија