Ениџевардарско Езеро (Пазарско Езеро или Пазарско Блато; ) — поранешно езеро или блато во Ениџевардарско, југоисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Припаѓа на групата на Егејските езера. Наречено е по градот Пазар (Ениџе Вардар) крај кој се наоѓало.

Особености Езерото се наоѓало во низинско подрачје на 8 км јужно од градот Пазар и опфаќало . Езерото имало неправилeн триаголен облик, исдолжено во југозападен правец. Се образувало од водите на реките Мегленица и Колудеј, како и од пролетните водотеци на планината Пајак. Се одликувало со голема заблатена област и поголем број мали островчиња, тешко проодни трскарници полни со комарци кои ширеле маларија. Риболовот бил многу развиен. Со истиснувањето на македонското население, грчката држава почнала со негово цедење во полза на новодојденците од Мала Азија. Тоа е наполно исцедено во периодот од 1928 до 1932 г., користејќи ги услугите на американското претпријатие „Њујорк фаундејшн компани“.Eugene N. Borza, In the shadow of Olympus: the emergence of Macedon (1992) ISBN 0-691-00880-9, p. 289; Matthieu Ghilardi et al., „Human occupation and geomorphological evolution of the Thessaloniki Plain (Greece) since mid Holocene“, Journal of Archaeological Science 35:1:111-125 (јануари 2008) На негово место е добиено плодно земјиште за стопански цели.Се гледа на сателитските снимки од местото

Историја мини|250п|Четата на Апостол Петков — исправен најлево, до него е Павле Кониковски. Во периодот од 1903 до 1908 г. Ениџевардарското Езеро имало разни бази на четите на ВМРО кои воделе борби со Грчката вооружена пропаганда. Со помошта на месните селани, ВМРО ги изградило езерските бази уште пред почетокот на Илинденското востание. Тука останала главната база на војводата Апостол Петков, од мештаните наречен „Ениџевардарското Сонце“. Во 1907 г. четите се соочиле со заеднички напади од грчките единици и турската војска, со што биле принудени да ги напуштат базите.

Од 1904 г. по јужната граница на езерото почнале да се утврдуваат чети на грчката пропаганда, на чело со Гоно Јотов. Во 1906 г. од Грција дошле четите на Панајотис Папаѕанетејас, Михаил Анагностакос („Капетан Матапас“), Телос Агапинос („Капетан Аграс“), Јоанис Деместихас („Капетан Никифорос“) и Константинос Сарос („Капетан Калас“), а во 1907 г. и онаа на Хараламбос Папагакис („Капетан Аграфиотис“).Το Στοιχειό του Βάλτου 9 февруари 2016 г. www.fileg.gr

Во Првата балканска војна, во октомври 1912 г. крај езерото се одиграла Битката за Ениџе Вардар.

Поврзано Сланица Урумлак

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Поранешни езера Категорија:Пазар (град) Категорија:Постол