Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Далбеговци; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Далбеговци, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото.
Објект
Објектот на училиштето претставува монтажна градба, донација од Министерството за образование и наука. Со оваа градба селото Далбеговци конечно добило свое училиште и учениците повеќе не морале да посетуваат настава во соседното село Дедебалци.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Далбеговци Категорија:Далбеговци