мини|десно|250п|Погранична кафетерија во Барле-Насау.

Барле-Насау () — гратче и општина во покраината Северен Брабант, јужна Холандија. Населението брои жители (). Местото е познато по сложената граница со Белгија која се состои од голем број мали белгиски ексклави, со неколку холандски противексклави во нив.

Географија

Граница со Барле-Хертох, Белгија Општината е поврзана со белгиските ексклави на Барле-Хертох преку низа сложени граници. Барле-Хертох се состои од 26 одделни парцели, од кои речиси сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.

Најмалата ексклава, наречена Де Ловерсхе Акерс (H7), е парцела со површина од само од .

Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.

Границата обележана на сите улици со железни клинци како туристичка знаменитост, но и за мештаните, кои вака секогаш знаат дали се наоѓаат во Белгија (Бартле-Хертог) или во Холандија (Барле-Насау). Поделбата се гледа и по броевите на куќите, кои имаат различни стилови, а до табличките неретко стојат и државни знаменца.

Населени места во општината Барле-Насау (Baarle-Nassau, 5.330 жит.) Уликотен (Ulicoten, 1.110 жит.) Кастелре (Castelré, 140 жит.)

Список на енклави

Холандски енклави Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија). Број и имеПовршина (ха)Опис |- | N1 — Де Ловерсхе Акерс – Де Томелсхе Акерс||5,36||Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба. |- | N2 — Де Томелсхе Акерс||1,37||Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта. |- | N3 — Де Томелсхе Акерс||0,28||Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци. |- | N4 — Де Ретсхе Акерс||1,23||Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него. |- | N5 — Де Ретсхе Акерс||1,92||Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар. |- | N6 — Хирле Страт||1,45||Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта. |- | N7 — Де Кастелајн||0,58||Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле. |- | N8 — Восенберг||2,85||Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница.

Белгиски енклави Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија). Број и имеПовршина (ха)Опис |- | H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн ||153,64||Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека. |- | H2 — Де Ретсхе Акерс||2,41||Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле. |- | H3 — Де Ретсхе Акерс||0,34||Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна. |- | H4 — Де Ретсхе Акерс||1,47||Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни. |- | H5 — Де Капел Акерс||0,92||Се состои од обработливо земјиште со живеалиште. |- | H6 — Хофдбрак||1,74||Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад. |- | H7 — Де Ловерсхе Акерс||0,24||Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја. |- | H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт||41,87||Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија. |- | H9 — Де Капел Акерс||0,40||Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност. |- | H10 — Де Орделсхе Страт||0,65||Се состои од обработливо земјиште. |- | H11 — Де Орделсхе Страт||0,93||Се состои од обработливо земјиште. |- | H12 — Босковен||0,28||Се состои од обработливо земјиште. |- | H13 — Босковен||1,53||Границата минува низ 20 живеалишта. |- | H14 — Босковен||0,72||Границата минува низ 13 живеалишта. |- | H15 — Босковен||1,72||Границата минува низ 16 живеалишта. |- | H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт||4,42||Границата минува низ куќа и три плевни. |- | H17 — Молерит Хајде||14,92||Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека. |- | H18 — Де Манке Хорен||2,92||Се состои од обработливо земјиште. |- | H19 — Де Пераутерс||0,68||Се состои од неколку бари и поле. |- | H20 — Вурстенбос - Восенберг||1,16||Се состои од обработливо земјиште. |- | H21 — Балбрухсхе Бемден||1,18||Се состои од обработливо земјиште. |- | H22 — Де Вит Хахен||0,26||Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г.

Поврзано Барле-Хертох Барле Северен Брабант

Наводи

Надворешни врски

Барле — Википатување Портрал на Барле-Насау Портал на Барле-Хертох Карти на енклавите во Берле Страници за Барле-Насау и Барле-Хертох

Категорија:Општини во Северен Брабант Категорија:Белгиско-холандска граница Категорија:Енклави Категорија:Ексклави