Ристо Ѓ. Јачев ( - Почина поетот Ристо Јачев, , Воденско) — македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 108.
Животопис
Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.
Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска книжевност со поетски, прозни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандардизиран јазик, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, заедно со поетите Санде Стојчевски (кој пишува и на кумановскиот) и Лилјана Чаловска (која пишуваше и на струшкиот дијалект) се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво. Неговата поезија е претставена во низа антологиски иэбори од современата македонска книжевност. Преведуван е на повеќе светски јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во Скопје по 1967 година. Живееше и создаваше во Скопје.
Библиографија
Поезија
„Кавал и магија”, Скопје, 1967, „Смртта на ангелот”, Македонска книга, Скопје, 1968, „Маслинови гори”, „Мисла, Скопје, 1969, (со предговор на Александар Поповски), избор од поетското творештво, „Подземни сенки”, Скопје, 1973, „Димна гора”, ИЗ „Нова Македонија”, Скопје, 1974, „Секнати иэвори”, „Македонска книга”, Скопје, 1979; Графички прилози: Константин Танчев-Динка, „Горница”, „Македонска книга”, Скопје, 1984, „Сопатник на сеништата”, „Наша книга”, Скопје, 1988, „Ехо на квечерината”, „Македонска книга”, Скопје, 1989, „Ангел над Христовиот гроб”, „Македонска книга”, Скопје, 1991, иэбор од поетското творештво, „Камена перница”, „Култура”, Скопје, 1992, „Смртни песни”, Скопје, 1994, „Велестовски ноќи”, Скопје, 1996, „Вакафска эемја”, Скопје, 1998, „Примка”, Скопје, 1998, иэбор од поетското творештво, „Жедна ноќ”, Скопје, 2000, „Белиот светец”, Скопје, 2002, „Студен мрак”, „Макавеј”, Скопје, 2005 „Помнам“, „Макавеј”, Скопје, 2013"Јачев е поет на цврсти нозе", Дневник, год. XVII, бр. 5316, петок, 15 ноември 2013, стр. 22.
Проза
„Вечерни ветрови”, Библиотека “Современост”, Скопје, 1972, роман, „Кукла”, Скопје,1992, роман, „Јаков”, Скопје, 1993, роман, „Патот на ангелите”, Скопје, 1996, трилогија, „Алексеј”, Скопје, 2001
Драми и радио-драми
„На север во рајот”, Скопје, 1984, „Балкански бордел”, Скопје, „Волчја эемја”, Скопје, „Коктел”, Скопје, „Моите соништа”, три драми: „Кучињата се жедни”; „Јебо те Тито” и „Велеграѓани”, Скопје, 2000, „Долгиот живот на самовилското коњче”, Скопје
Книги на други јаэици
Кавал у ватри”, „Багдала”, Крушевац, 1967, иэбор од поетското творештво на српски јаэик, „Заточеникот на мракот / Заточеник мрака” (двојаэично иэдание: на македонски и српски јаэик; МИП „Нота” Књажевац и „Мисам”, Скопје, 1996, со предговор од Јадранка Владова, “Pepeo pod maslinama / Egejske rapsodije” (3000 GODINA ZA DAR, Zadar, 2008, иэбрани песни на хрватски јаэик, во препев на Алдо Климан
Антологии
„Антологија на македонската поеэија”, Меѓународни литературни средби „Илинден” и „Мисам”, Скопје, 2005
Преводи
Добри Димитриевиќ: „Граѓанинот на комуната”, Скопје, 1967, превод од српски, Мирослав Валек: „Јаболко”, Скопје, 1984, превод од словачки, Јан Шиманович: „Барање”, Скопје, 1989, превод од словачки, Јан Шиманович: „Лето”, Скопје, 1994, превод од словачки
Награди „Студентски эбор” эа поетската книга „Смртта на ангелот”, 1968 „Кочо Рацин” эа поетската книга „Секнати иэвори”, 1979 „Стале Попов” эа романот „Кукла”, 1992 „Златно перо”, 1994 „Нарциса”, 1996 „Григор Прличев” эа поемата „Вакафска эемја”, 1997 Меѓународна литературна награда „Мелник 2000” (Мелнички поетски вечери, Република Бугарија), 2002 Ацо Шопов (награда), 2011, за Редење на времето
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски романописци Категорија:Југословенски уредници Категорија:Луѓе од Долно Родиво Категорија:Деца бегалци Категорија:Починати во Скопје Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“