мини|Бети Фридан во 1960 година Бети Фридан (4 февруари 1921 - 4 февруари 2006) била американска феминистичка писателка и активистка. Таа била водечка фигура во женското движење во САД, а нејзината книга „Женска мистичност“ од 1963 година честопати се смета за предвесник на вториот бран на американскиот феминизам во 20 век. Во 1966 година, Фридан го основала и била избрана за прв претседател на Националната организација за жени (NOW), чија цел била да ги доведе жените „во главните текови на американското општество во целосно еднакво партнерство со мажите“
Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Родени во 1921 година