Државен пат 63 или ЕО63 — пат во Егејска Македонија, Грција. Го поврзува граничниот премин Драготин (Промахонас) кон Пиринска Македонија во Бугарија со градот Сер на југ, притоа минувајќи низ Валовишта (Сидирокастро).

Патот е долг од 42 км и има две ленти (по една во секој правец). Сочинува дел до Европскиот пат Е79 и предвидено е да биде заменет од автопатот А25.

Знаменитости по патот По патот можат да се забележат следниве знаменитости:

Исар — тврдина од византиско време Црква „Св. Димитрија и Чесниот Појас“ ридот Спас наречен и Топ-баир

Поврзано Автопат 25 (Грција)

Наводи

Категорија:Патишта во Грција Категорија:Патишта во Егејска Македонија