Шкода рапид () – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода. Се произведувал од 2012 до 2019 година.
Историјат Шкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа. Првпат бил прикажан во јавност во април 2012 година на саемот за автомобили во Пекинг. Во септември официјално е прикажан на саемот за автомобили во Париз. Продажбата почнала во Чешка на 20 октомври 2012 година, а во централна и западна Европа, кон крајот на 2012 година.
Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати (лифтбек), кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри. Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.
И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид што се произведува во Индија, кој е лансиран во 2011 година, меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.
На тестовите Euro NCAP рапидот во 2012 година добил максимални пет ѕвездички за безбедност.
Мотори
Модел Зафатнина Цилиндри/вентили kW/КС Менувачи НапоменаБензин 1.2 MPI 1198 cm³ 3/12 55 kW / 74 КС 5-степен мануелен 1.2 TSI 1197 cm³ 4/8 63 kW / 85 КС 5-степен мануелен 1.2 TSI 1197 cm³ 4/8 77 kW / 105 КС 6-степен мануелен 1.4 TSI 1390 cm³ 4/16 90 kW / 122 КС 7-степен автоматски Дизел 1.6 TDI 1598 cm³ 4/16 66 kW / 90 КС 5-степен мануелен, 7-степен автоматски 1.6 TDI 1598 cm³ 4/16 77 kW / 105 КС 5-степен мануелен
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Netcarshow: Škoda Rapid
Категорија:Автомобили Категорија:Шкода Категорија:Автомобили од нижата средна класа