Фолксваген ап! () – мал градски автомобил што го произведува германската фабрика за автомобили Фолксваген. Се произведува од 2011 до денес.
Историјат Фолксваген ап! е мал градски автомобил, дел од фолксвагеновата серија модели под назив New Small Family, кој бил претставен на саемот за автомобили во Франкфурт. Производството почнало во октомври 2011 година во Братислава, каде се произведуваат и Шкода ситиго и Сеат ми, верзии на истиот автомобил. Каросериски тој е мал автомобил со три или пет врати во хечбек варијанта.
Ап е практично идентичен со Шкода ситиго, освен што се разликува предната маска и некои детали. Од друга страна, сеат има нешто повеќе разлики. Иако е мал автомобил, нуди максимална искористеност на просторот и четири седишта за патници. Верзијата со пет врати на пазарот се појавила во 2012 година. На пасполагање се три верзии, take up! основна, move up! комфорна и high up! верзија со најбогата опрема. Дизајнот на овој градски автомобил е футурустички и не потсетува на останатите фолксвагенови модели. Шкода ситиго со должина од 3,56 метри е еден од најмалите возила во својот сегмент. Зафатнината на багажникот е 251 литар, а да се прошири на 951 литар со спуштање на задните седишта.
На креш тестовите Euro NCAP во 2011 година, ситиго ги добил максималните пет ѕвездички.
Мотори Во понудата се два бензински и еден мотор на плин.
Модел Зафатнина Цилиндри/вентили kW/КС Менувачи 1,0 MPI 999 cm³ 3/12 44 kW / 60 КС 5-степен мануелен/автоматски 1,0 MPI 999 cm³ 3/12 55 kW / 75 КС 5-степен мануелен/автоматски 1,0 CNG 999 cm³ 3/12 50 kW / 68 КС 5-степен мануелен
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Автомобили Категорија:Фолксваген Категорија:Мали градски автомобили