Трајан Петровски (31 јануари 1939, с. Арбиново, Дебрца, — 28 март 2021, Скопје) бил македонски поет, раскажувач, романописец, публицист, преведувач и полемичар.

Животопис Петровски дипломирал право во Скопје, а потоа имал богата дипломатска кариера. Бил амбсадор на СФРЈ и на Македонија во Египет, Турција, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан и Киргистан. Покрај тоа, бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и член на македонскиот ПЕН центар.

Петровски бил во брак со Верка Петровска со која имал два сина: Горан и Александар.

Творештво Во однос на тематската преокупација, дел од поезијата на Петровски е свртена кон тешкиот живот на селанецот и кон судбината на човекот, воопшто, додека во прозата се застапени теми и мотиви поврзани со селскиот живот, раскажани со мошне необичен јазик, небаре позајмен од народниот раскажувач.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 170.

Библиографија Петровски е автор е на следниве дела: И падина и гороцвет (поезија, 1964) Опаленик (поезија, 1967) Водици (поезија, 1969) Благослов на лебот (поезија, 1969) Дреновина (поеизја, 1971) Вовчето Киро (роман за деца, 1973) Ни ден ни гробница (поезија, 1974) Говорот на селаните (позија, 1979) Време Литово и Аждерово (раскази, 1982) Запеј, запеј (поезија за деца, 1982) Старо лозје (поезија, 1983) Сфинга (поезија, 1985) Девствена причесна (роман, 1985) Асхаровци (роман, 1987) Разговори со Прличев (позија, 1989) Анадолските ветрови (поезија, 1993) Босфорски завештение (поезија, 1996) Верување во Охрид (поезија, 1996) Живеам во Азија (поезија, 2000) Беседења по дервишки (поезија, 2000) Пукнатина (поезија, 2005) Амбисот. Жената (поезија, 2010) Каде со иднината (поезија, 2012) Со кого можам да зборувам денес (поезија, 2012) Главата в торба (поезија, 2014) Кога ѕверот ќе дојде (поезија, 2017) Јас и Црна Арапина (поезија, 2017) Заклетва за простодушните (роман) Дервишки прстен (роман) Непорабена месечина (роман) Здравица за потомците (роман) Македонскиот фараон (роман) Саркофагот на македонската земја (роман) Бела чума (роман) Црвоточина (роман) Задгробен разум (роман) Откривање на вечноста Анадолски дипломатски летопис (мемоари) Смалувањето на човекот Каирска магија Горчлив австралиски патопис Житија караормански Озрачување на стварноста Севселенски раскази Жезолот на Патријархот

Исто така, тој е автор на неколку антологиски избори: Слепиот харфист, Читање на папирусите, Антологија на современата египетска поезија, Антологија на малезиската поезија, препеви од „Книгата на мртвите“ и др. Неговите песни се застапени во бројни антологиски избори во Македонија и во странство. Поезијата на Петровски е преведена на повеќе од 20 јазици, а одделни книги поезија и проза се објавени на англиски, руски, арапски, турски, кинески, романски, полски, српски, бугарски, албански, азерски и монголски јазик. Тој, пак, преведувал од српскохрватски и англиски јазик.

Трајан Петровски е носител на неколку значајни домашни и меѓународни книжевни награди и признанија за поезија и проза, како: Рациново признание, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ванчо Николески, Златно перо, Златен Јупитер на градот Тоска во Турција, како и на наградата „Св. Климент Охридски“ на градот Охрид за животно дело.

Наводи

Категорија:Југословенски поети Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски дипломати Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Луѓе од Арбиново