Анастас Димитров Петличков ( или Dimtroff, Petlichkoff) (Буф, – Барбертон, ) — македонски општественик и револуционер, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Животопис мини|240п||левоАнастас Петличков е роден во 1882 г. во село Буф, Леринско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Станал член на ВМОРО, и учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрирал во САД, каде станал активен деец на Македонско-бугарскиот народен сојуз. Подоцна се населил во Барбертон, Охајо. Бил сопственик на пекара. Во 1914 г. во Чикаго, Петличков ја издал книгата „Маките и тагите на Македонецот под турските ѕверства“.
Во 1938 г. е назначен за ѓакон на православната црква „Св. Илија“ во Акрон, Охајо. Починал на 14 мај 1970 г.
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Реклама на пекарата на Анастас Петличков во Барбертон, Охајо, 1921 г.
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски општественици Категорија:Учесници во Илинденското востание