Идеја во старогрчката митологија било име на повеќе личности.
Митологија Нимфа, најада, веројатно ќерка на Океан и Тетија. Била мажена за речниот бог Скамандар и потекнувала од извориштата на неговата река. Му го родила синот Теукро, првиот тројански крал. За неа пишувале Аполодор и Диодор.theoi.com: Idaia Ќерка на скитскиот крал Дардан, која била омажена за Финеј. Со него ги имала синовите Квин и Маријандин. Други автори ја нарекуваат Дија, Евритија или Ејдотеја. Според едно предание, Финеј во претходниот брак со Клеопатра имал два сина, Плексип и Пандион, а Идеја, неговата втора сопруга се покажала како многу лоша маќеа. На своите посиноци им ги избола очите или самиот Финеј ги ослепел поради нејзините клевети. Ги фрлила во темница каде редовно биле камшикувани. Ги спасиле аргонаутите, односно бореадите, а по совет на Херакле, Идеја била вратена на својот татко кој ја казнил со смрт.Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд. Епитет на божицата Кибела.
Наводи
Категорија:Нимфи Категорија:Кралици во старогрчката митологија Категорија:Епитети на грчки богови