мини|250п|Француски војници во Спанчово за време на I светска војна, 1918 г. Спанчово или Спанчево (, Латомио; до 1927 г. Σπάντσοβο, СпанцовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπάντσοβο - Λατόμι) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 7 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа на околу 4 км североисточно од градот Ругуновец, во традиционалната област Солунско Поле. Aтарот зафаќа површина од .

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Спанчово била мала македонска чифлигарска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово (Spantchiovo) е село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 12 домаќинства, со вкупно 54 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спанчево имало 78 жители, сите Македонци.

На почетокот на XX век целото население на Спанчово било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоцитена егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спанчово (Spantchovo) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.

Потпаѓање под Грција Во Првата балканска војна е заземено од грчките единици, а летото 1913 г. за време на Втората балканска војна Спанчово е запалено од грчката војска, а македонското население се спасило пребегнувајќи преку граница. Атарот на селото го откупиле велепоседничките семејства Аркудеос и Каратодорос.

Население Истата 1913 г. во селото е попишано 21 лице, од кои повеќето биле од сточарските семејства доведени како наемници на велепоседите. Ви 1920 г. местото имало 69, а во 1928 г. — 63 жители. Во 1927 г. селото е преименувано во Латомио. Во 1940 г. е заведено дека селото има само 1 жител, поради тоа што велепоседничките семејства се преселиле во Солун. Сепак, во 1951 г. во Спанчово се попишани 172 жители, што значи дека земјопоседниците повторно довеле жители од околните села ги работат имотите. Во претстојниот период бројот на жители почнал да опаѓа, па така во 1961 г. имало 57 лица, во 1971 г. се намалил на 25, а во 1981 г. — 9 жители. Во 1991 г. селото се свело на населба без жители. Во текот на следното десетлетие Спанчово повторно станува населено, со 12 лица во 2001, но само 1 лице во 2011 г.

Наводи

Категорија:Пајонија (општина)