Бакеика () — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2011). Ова е мала населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1950-тите години.
Географија и знаменитости Селото лежи во традиционалната област Солунско Поле, на границата помеѓу Кукушко и Солунско. Сместено е помеѓу реката Галик од исток и Горчливото Езеро од запад. Се наоѓа 24 км југозападно од окружниот центар Кукуш и 29 км северозападно од градот Солун. Северозападно од селото е ридот Кардица, на кој е пронајдена праисториска населба со наоди од растурена грнчарија. Јужно одовде, на растојание од 750 м западно од патот Нареш - Хаџилар е наоѓалиштето Господарска Тумба (Αρχοντή Τούμπα) врз која има аквадукт и исто така изобилува со растурена грнчарија, поради што се мисли дека станува збор за древномакедонскиот град КлитеRichard Talbert, έκδοση 2000, Barrington Atlas of the Greek and Roman World, Princeton University Press, σελ. 50 και σημειώσεις καταλόγου που συνοδεύουν. Југозападно оттука, на брег на Горчливото Езеро се топлите извори во кои има темна кал (солена глина). Бањите имаат групни и поединечни базени, каде се одвива хидротерапија и се даваат третмани со лековита кал..
Историја Оваа мала населба е создадена по Грчката граѓанска војна и наречена по родоначалникот на каракачанските семејства кои се доселиле во неа.
Население Населбата првпат се споменува во пописот од 1961 г. како нова населба со 82 жители. Во 1971 г. населението се намалило на 74, а во 1981 г. на 68 жители, накачувајќи се на 75 во 1991 г. за повторно да опадне на 56 жители во 2001 и само 25 жители во 2011 г.
Поврзано Горчливо Езеро
Наводи
Категорија:Кукуш