Девичка Црква — средновековна црква во урнатини, во тврдината Девини Кули близу селото Девич во областа Порече. Не е познато на кој христијански светец бил посветен храмот.

Во јужното подножје на ридот веднаш до самите карпи под ѕидините на Девини Кули, постои и голема градба на средновековна црква со купола во рушевини, околу која се наоѓаат и селските гробишта на селото Девич. Близу до последната кула, која мештаните ја нарекуваат „Занданот“ стои една црква, украсена со керамо-декорација, несомнено од 14. век. До половина е урната, со делумно запазен тамбур што ја носел главната купола. За црквата која е доста забележителна според архитектонскиот стил на градба (налик на Св. Андреја и Св. Никола - Шишевски на Матка) може да се претпостави дека е изградена во 14 век, додека меѓу мештаните на Девич, постои предание дека нејзините најстари темели потекнуваат од 7 век<Според кажување на жители од с.Девич. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 20.10.2019. Црквата е прекрасно градена. Градбата на црквата е доста голема, таа е трикорабна со форма на впишан крст, кружна купола и апсида, со ѕидови високи до 4 метри. За жал, не се зачувани никакви фрески, дел од покривот е веќе срушен под дејство на атмосферските влијанија и е неопходна интервенција за зачувување на ова културно наследство. Од живописот останале минимални остатоци, односно е забележлив многу мал слој на остатоци од црвена боја по рабовите ѕидовите околу олтарот кон куполата.

Галерија

Внатрешност

Поврзано

Девини Кули Девич

Наводи

Категорија:Девич