Горно Власи (, Есовалта; до 1926 г. Έσω Βλάχ, Есо ВлахΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έσω Βλάχ - Εσώβαλτα) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 862 жители (2011). До 1930-тите било населено само со Македонци, а денес е половина македонско, а половина влашко.

Географија Селото е сместено во источниот дел на Солунското Поле, 5 км северозападно од Пласничево и 20 км југоападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Горно Власи било село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година в Горно и Долно Власи живееле 330 Македонци и 40 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 146. Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Власи било мегленско со 30 куќи.

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 88 жители, кои во 1920 г. биле 219. Во 1926 г. името му е променето во Есовалта. Во 1928 г. Горно Власи имало 239 жители, сите Македонци.

По исцедувањето на блатното Ениџевардарско Езеро крај селото во 1935 г. се отвориле големи обработливи површини, и тука се населиле голем број влашки семејства. Така селото станало мешано, со 1940 г. 478 жители. За време на Граѓанската војна овде се доселиле уште влашки семејства од Голема Ливада, поради што во 1951 г. селото нараснало на 682 жители. Населението продолжило да расте во понатамошните десетлетија, достигајќи 989 лица во 2000 г. Сепак, во текот на следното десетлетие селото се намалило на 862 лица.

Личности Антониос Астерјос (р. 1952) — политичар од партијата Нова демократија Кољо Крстев (1882 – ?) — борец во Балканските војни, роден во Горно или Долно Власи„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 387. Христос Ѕиѕимикас (р. 1963) — музичар

Население

Стопанство Селото има многу развиено земјоделство бидејќи лежи во поле и земјиштето целосно се наводнува. Се произведуваат големи количества овошје (праски и јаболки), памук и жито. Доста развиено е и сточарството, со многу крави и овци.

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол